Детски ликовен кокурс: Со „Ладна“ во Дизниленд

Минатата година „Ладна“ и овозможи на Ана и нејзиното семејство да ја почувствува магијата на Дизниленд во Париз

0
234

„Вистинската магија се наоѓа во нас самите“ – ова е пораката која ја носите по посетата на Дизниленд. Четири магични денови во кои бајките и филмовите оживуваат пред вас преку атракции, шоуа, паради, замоци, музика од Дизни филмови, вечера со Дизни ликови –  сè заедно, уникатно и незаборавно искуство за целото семејство – вака го опишува четиридневното искуство во Дизниленд Санела Токарева, мајка на првонаградената Ана Токарева, од минатогодишниот ликовен конкурс на „Ладна“.

Пред само една година Ана победи на ликовниот конкурс на Ладна во категоријата на деца од 4 до 7 години  и си помина незаборавно, спомен кој ќе го памети цел живот.

И  оваа година најуспешните цртежи во секоја од двете категории,  Ладна ќе ги награди со патување за целото семејство во Париз.

Оваа година темата на која децата ќе цртаат е „Животните и водата“. Натпреварувањето ќе биде поделено во две категории и тоа деца на возраст од 4 до 7 години – родени во периодот од 11.05.2010 до 10.05.2013 и деца на возраст од 7 до 10 години родени во периодот од 11.05.2007 до 10.05.2010 година.

Стручното жири ќе одбере по три најубави цртежи во секоја категорија, кои и оваа година ќе бидат наградени со 2 тридневни патувања во Дизниленд во Париз, 2 годишни курсеви за цртање и 2 таблети за цртање.

[better-ads type='banner' banner='999' ]