Родителството е вештина која се учи патем и никогаш не може сосема да се усоврши. На родителство не може да ве подготви ниту една книга и ниту еден совет. Да се биде родител значи секојдневно да се учи со детето што го одгледувате. Притоа, не е чудно ако понекогаш се погреши, но е многу важно да се препознаат сопствените грешки и да не се повторуваат, а особено да не се дозволи да имаат негативно влијание врз детето. Еве кои се најчестите грешки што ги прават родителите.
Не сте доследни
Најчеста грешка која ја прави речиси секој родител е игнорирање на детето кога ќе направи нешто лошо. Тоа во правило не е толку погрешно, но е ако подоцна го искарате. Тоа го учи вашето дете дека и во иднина ќе го добие вашето внимание кога ќе се однесува лошо. Исто така, забрането е користење на тајм-аут секогаш кога детето се однесува лошо. Ќе ја изгубите делотворноста и ќе се чувствувате како се што правите да е борба со детето. Ако нешто им кажете на децата, тие не ве послушаат, а потоа не следува ништо, ќе им испратите порака дека не сте сериозни и дека не мора да ве слушаат. Детето добро знае дека со игнорирање на вашите барања ќе добие на време.
Премногу наредувате
Ако на детето постојано му приговарате, можно е да му здодеат сите тие наредби. Ако имате немирно дете, секако дека неговото однесување бара повеќе предупредувања, но би било добро мудро да ги филтрирате. Ако детето постојано го има вашиот глас и вашите „проповеди“ како звучна кулиса зад себе, едноставно, ќе научи да го игнорира здодевниот глас во главата, па нема да го слушне ниту она корисно што имате да му го кажете. Ништо не го поттикнува детето повеќе на соработка од нежниот тон на вашиот глас. Тивкиот говор ви помага да ги контролирате негативните емоции, а особено лутината. Тивкиот глас смирува и поттикнува внимание, а на крајот ќе поттикне и соработка, со оглед на тоа што создава опуштена атмосфера и го охрабрува детето.
Премногу велите „НЕ“, a премалку „ДА“
Детето кое премногу слуша „НЕ“ во некој момент ќе престане да ве слуша затоа што го збунувате и го фрустрирате. Исполнете му го секое разумно барање на вашето дете. Нека ви биде правило да ја исполните секоја желба на детето – освен ако имате добра причина за спротивното. Во таа смисла, би требало да ја проретчите употребата на на изразите „не, не смееш, не може, забрането е“. Обидете се да избегнувате вакви изрази колку што е тоа можно. На пример, ако детето сака да јаде чоколадо пред ручек, наместо фа му кажете „не може“ или „не може сега“, обидете се да кажете: „Да, може, но дури после ручек“. Оваа мала промена во начинот на изразување ќе ја сменат перцепцијата на детето и наместо да чувствува како родителите да му ги ускратуваат повеќето желби, ќе забележи дека повеќето од неговите желби всушност се исполнуваат, но со одредени услови.