Детето ве лаже? Не се грижете, тоа е добро!

Повеќето родители би се вознемириле кога би дознале дека детето ги лажело. Но истражувањата тврдат дека лажењето не е само нормално, туку е и знак за интелигенција

0
710

Сите ние се обидуваме да ги научиме децата дека не е убаво да се лаже и дека искреноста е етички императив.

За децата кои рано почнуваат да лажат се смета дека ќе пораснат во проблематични личности. Меѓутоа, истражувањата го покажуваат токму спротивното. Лажењето не е само нормално, туку е и знак на интелигенција.

Децата го откриваат лажењето уште на возраст од две години, покажуваат истражувањата. Во еден експеримент, децата се замолени да не гледаат во играчката која е скриена зад нив, додека истражувачот се повлекува од просторијата под лажен изговор. Минута подоцна, истражувачот се враќа и го прашува детето дали погледнало.

Овој експеримент кој го осмислил развојниот психолог Мајкл Луис кон средината на 80-тите, е изведен врз стотици деца и дал две доследни откритија. Прво е тоа што повеќето деца ќе ја гледаат играчката во рок од неколку секунди кога ќе останат сами. Второто е тоа што значителен број од нив лаже за ова. Најмалку третина двегодишници, половина тригодишници и 80 отсто или повеќе деца од 4 и повеќе години ќе го негираат прекршокот, без оглед на нивниот пол, расата или семејната религија.

Исто така, децата се исклучително добри во лажењето. Во низа дополнителни студии засновани врз истиот експериментален модел, на голем број возрасни – вклучувајќи ги и социјалните работници, наставниците во основните училишта, полицајци и судии – прикажани им се снимки од децата кои лажеле или зборувале вистина со цел да видат кој може да ги открие оние кои лажат. Запрепастувачки, ниту еден од возрасните (дури ни родителите на децата) не можеле секогаш да ја препознаат лагата.

Зошто некои деца почнуваат порано да лажат?

Што е тоа што ги издвојува од нивните искрени врсници? Најкусиот одговор би бил дека се попаметни!

Професор Луис открил дека децата кои лажеле околу тоа дсли ја погледнале играчката имаат повисок вербален IQ од оние кои не лажеле, и тоа, дури за 10 поени.

(Децата кои нема да ја погледна играчката се на прво место најпаметни од сите, но се вистинска реткост).

Децата кои лажат имаат подобри функционални вештини

Други истражувања покажаа дека децата кои лажат имаат подобри функционални вештини (низа способности кои ни овозможуваат да ги контролираме нашите импулси и да останеме фикусирани на задачата), како и поголема способност да го видат светот низ очите на другите луѓе, што претставува клучен индикатор за когнитивниот развој познат како „теорија на умот“ (откриено е дека децата кои имаат пореметување на хиперактивноста која ја карактеризираат послаби функционални вештини и оние со пореметувања на спектарот, како што е аутизмот, кои ги карактеризира дефицит во теоријата на умот, имаат проблем со лажењето).

Психологот Канг Ли, кој повеќе од две децении ги истражува детските лаги и измами, им порачува на родителите дека ако откријат дека нивното дете на возраст од 2-3 години лаже, треба тоа да го прослават. Но, ако вашето дете заостанува во лажењето, не се грижете: можете да го забрзате овој процес.

Обучувањето на децата во функционални вештини и тепријата на умот користејќи разни интерактивни игри и вежби со играње на улоги можат во рок од неколку недели да ги преобразат искрените деца во лажговци, заклучил професор Ли.

И учењето на децата да лажат ги подобрува нивните резултати на тестовите за функционални вештини и теорија на умот. Со други зборови, лажењето е добро за вашиот мозок.

[better-ads type='banner' banner='999' ]