Денеска е ден на сите мајки

Според старата црковна традиција денешниот ден - Благовец е празник на Божјата Мајка, но и празник на сите мајки.

0
453

На денешен ден, според светото писмо, на Богородица ѝ се јавил архангелот Гаврил и ѝ кажал дека со посредство на Светиот дух е во благословена состојба и дека ќе роди син. Затоа на овој ден се празнува денот на мајките.

Новото нецрковно време го заменило овој празник со празнувањето на 8 Март, па се подзаборава дека според старата црковна традиција Благовештение е празникот на мајките. Овој празник спаѓа во редот на богородичните празници и во календарот е обележан со црвено, што значи дека на овој ден не треба да се работат тешки работи, а жените не треба да шијат и да перат.

Се смета дека на овој ден не се чувствува болката, па оттаму настанака и традицијата токму на овој ден на малите девојчиња да им се ставаат обетки.

[better-ads type='banner' banner='999' ]