Приказна од Данска: Оставете го бебето голо на снег!

„Во првите јасли во кои одеше моето дете кое имаше едвај две години, сметаат дека е во ред да излегува без капа по снег и дожд па да измрзне и да накисне, со образложение дека следниот пат сигурно нема да ја заборави капата“, раскажува Кристина Волспергер Даниловски.

0
1563

Кога загрепчанката Кристина Волспергер Даниловски на почетокот од 2009 година се преселила со семејството во Копенхаген, била свесна дека оди во сосема поинаква држава. Своите искуства во Копенхаген на забавен и лежерен начин редовно им ги опишувала во мејлови на своите пријателки во Хрватска. Тоа допишување, вели, и било духовна храна. После три години Кристина со семејството се вратила во Загреб и врз основа на писмата од Копенхаген ја објавила книгата „Данците и странците“, во која, со огле дна тоа што во Копенхаген ги растела и своите две деца, во голема мерка се осврнува на данскиот однос кон воспитувањето на децата. Ви пренесуваме дел од нив:

Јасли или шупа?

Првата средба со потполно поинаквиот концепт на живот во Данска и бил врзан за запишувањето на деттео во јасли. Архитектурата на Копенхаген е прекрасна и очекувала весели, шарени, топли јасли и заинтересирани и посветени воспитачки. Меѓутоа, детето го запишала во објект – барака, со сиви ѕидови и подови, без бои, играчки и цртежи, а воспитачките едвај и да се занимавале со децата.

„Данците веруваат дека децата од мали треба да с еодгелдуваат да бидат индивидуалци, дека треба да се грижат сами за себе и сами да се забавуваат. Данските мајки не трчат по своите деца викајќи: „немој, немој, ќе паднеш“. Тие веруваат дека детето мора да падне за да научи. Во првите јасли во кои одеше моето дете кое имаше едвај две години, сметаат дека е во ред да излегува без капа по снег и дожд па да измрне и да накисне, со образложение дека следниот пат сигурно нема да ја заборави капата“, раскажува Кристина Волспергер Даниловски.

На нашиот менталитет му е тешко да го прифати ова, но Кристина предупредува: Данците растат во среќни, одговорни и здрави луѓе. Единствено нивниот пристап е поинаков. „Тука нема оценка што е подобро или полошо – едноставно е различно. Дали е подобро да се скока околу децата како што правиме ние? Дали е подобро тоа што нашите градинки се розеви и сини исцртани со цвеќе и пеперутки? Дали е поодобар нашиот менталитет во кој и последниот денар се дава за децата, дали е подобро децата да се дотеруваат во брендирана облека и да слават скапи родендени? Не знам. Тоа во Данска го нема! Облека се купува само кога се мора и тоа, ефтина, играчките се ретки, како и слатките. Веројатно, најдобриот пат е некаде на средината“ – вели Кристина Волспергер Даниловски.

Терапевтското влијание од спиењето на улица

Во мрачните утра, следена од студен ветар и првите капки дожд, Кристина поминувала покрај десетина колички паркирани во дворовите од градинките во кои повторно ќе го остави својот расплакан 1,5 годишен син, кога слушнала стенкање и тивко плачење. Мислејќи дека и се причинува, се наведнала над една количка и здогледала завиткано бебе како плаче. Во девет од десет колички спиеле бебиња, на нордиски студ, без надзор. Кристина се уште не знаела дека Данците длабоко веруваат во терапевтското дејство од спиењето на децата на отворено, главно без надзор. И воопшто не сфаќаат зошто остатокот од светот панично вика полиција и социјални служби кога на улица ќе наиде на количка во која плаче бебе. Во данските јасли таквото чување на децата е стандард, ако случајно немаат двор, тогаш мораат да имаат безбедна тераса за детска спална на отворено!

Најдобро е децата да се остават во шума

Данците се грижат за екологијата и здравиот живот. Данцките деца ретко добиваат слатки, а се внимава редовно да јадат сирова храна. Не им се купуваат безброј играчки, мораат да бидат креативни и да си играат надвор без мешање на возрасните. Затоа се многу популарни шумските градинки – установи заради кои веројатно во Хрватска, како што вели Кристина, но и кај нас, би се кренале на нозе службите за заштита на деца, министерството за образование и за социјала и би барале кривично гонење за сопственикот. Станува збор за градинка која во градежна смисла се состои од набрзина направен санитарен јазол на ливада во шума надвор од градот. Осум часа дневно тие деца престојуваат во шума, без надстрешница, без зграда, без играчки, без радијатори. И тоа во држава во која зимата трае од крајот на септември до средината на мај. Со себе носат ланч-пакети, претежно сирова храна. Основно правило е дека мораат да се анимираат сами, без да се меша педагозите. После осум часа, автобусите ги носат децата назад во градот. Тешко е да се замисли некоја мајка од било кој дел од Балканот како се согласува нејзиното тукушто проодено дете осум часа дневно да талка низ шума на минус 10. Но исто така нема балканска мајка која за разлика од мајките во Копенхаген, не знае за сите болести што децата можат да ги заработат во нашите градинки. Во шумските градинки тие болести ги нема, а децата се здрави како дрен.

Бебето има температура? Па оставете го голо на снег …

Данците не наседнуваат на измамите на фармацевтските индистрии и не трошат лекови без потреба затоа што од повеќето болести не се умира. Тоа е мантрата не само на просечните Данци, туку и на данските лекари. После многу години отпор, ваквиот став го прифатила и Анкица, воспитачка-избеглица од Босна, која веќе 20 години работи како воспитачка во тамошна градинка. Анкица долго ја смирувала Кристина која добила нервен слом кога го видела во градинка своето дете само во пелени оставено покрај отворен прозор среде зима. Чепчињата, сирупите и облозите кои се прва помш на секоја наша мајка, данските мајки ги презираат. Како што во принцип се презираат и непотребните одења на лекар заради, на пример, висока температура или сипаници. Бидејќи кај лекар не се оди без најава преку интернет или телефон, до нив е речиси невозможно да се стигне со толку обични симптоми. Кристина морала на крајот за своето болно дете да им се јавува на згарепските лекари кои телефонски и помагале и ја подучувале како да ги предимензионира симптомите за да може во Копенхаген да дојде до термин во ординацијата.

Данците сакаат да имаат деца

Данска е една од ретките земји во Европа која нема проблем со наталитетот. И тоа е видливо насекаде. Децата се насекаде и родителите речиси секаде ги носат со себе затоа што дадилките се најчесто неприфатливи, а необично чести се и двојните колички за близнаци: Данска е на врвот од земјите по процентот на жени кои се подвргнуваат на вештачко оплодување. Без оглед на тоа што според нашите сфаќања нивните родителски методи се речиси неразборливи, факт е дека Данска е држава која сака деца и која ги сака семејствата – какви било: разводите се чести, но после разводот родителите рамноправно се грижат за децата. Има за нас необично голем број на жени кои имаат деца со повеќе мажи, а често и самите се одлучуваат на вештачко оплодување. Се почитуваат различните семејни структури и сексуални определби. На крајот уште да се потсетиме дека според истражувањето за среќа кое го спровеле стручњаците од њујоршкиот универзитет Колумбија по нарачка на ОН, Данците се најсреќен народ на светот иако во Данска зимата трае подолго отколку останатите три годишни времиња заедно и во поголемиот дел од годината се стемнува веќе во 16 часот.

[better-ads type='banner' banner='999' ]