Дали сте ментално силен родител?

Сите сакаме нашите деца да пораснат во ментално силни, стабилни личности кои ќе можат да се соочат со сите непријатности на светот. Но за да бидат такви, логично, таков би требало да биде и родителот

0
319

За да имаме ментално силно дете кое нема да се плаши да се соочи со сите непријатности што ги носи животот со себе, треба да бидеме и ментално силни родители кои ќе бидат подготвени да им ги фрлат нивните најголеми стравови в лице и да ги научат што е тоа одговорност. Секако, тоа е многу тешко, но вакви видови на искуство му се потребни на детето за да може да го искористи својот потенцијал до максимум.

Според зборовите на психотерапевтот Ејми Морин, родителите кои му го „тренираат“ мозокот на своето дете и чии деца стануваат среќни, успешни, возрасни личности со јавни цели во животот избегнуваат да ги прават овие работи:

Не го усвојуваат менталитетот на жртва

Ако вашето дете е исфрено од фудбалскиот тим или му оди лошо на училиште, тоа не значи дека е тоа жртва. Одбивањето, неуспехот и неправдата се дел од животот. Не би требало да дозволите детето да биде дого нерасположено, туку треба да го научите своето страдање да го претвори во сила. Помогнете му да одреагира на најдобар можен начин, наспроти ситуацијата во која се наоѓа.

Не чувствуваат вина

Многу родители поради чувството на вина на крајот му го дозволуваат на детето она што во прв миг го забраниле. Ментално силните родители знаат дека тоа чувство на вина ќе помине и нема да дозволат заради него да ја менуваат одлуката која лошо ќе се одрази на нивното дете.

Не прават од своето дете центар на универзумот

Ова може да биде многу тешко, но многу е важно да го научите детето да се фокусира на она што има да му го даде на светот, а не на она што светот му го „должи““ нему. Само на тој начин тоа нема подоцн се да ери по себеси.

Не дозволуваат со нивните избори да управува стравот

Држењето на детето под стаклено ѕвоно може да ве зачува од многу стресови. Но така само е го запрете неговиот развој. Ментално силните родители знаат дека тие не им се чувари на децата, туку нивни водачи. Тие им дозволуваат да изезат во светот и да го искусат животот, дури и кога се преплашени од таа идеја.

Не им дозволуваат на децата да бидат шефови

Децата не се тие кои ќе одредуваат што ќе вечера семејството или како ќе го поминува викендот. За нив не е здраво да им бидат шефови на своите родители, па дури ни да бидат еднакви со нив. Добар родите треба да го направи соето дете силно за да прави избори, истовремено одржувајќи ја хиерархијата.

[better-ads type='banner' banner='999' ]