Дали сте чуле за селективен мутизам кај децата?

Овој проблем во комуникацијата најчесто се јавува кај децата при поаѓањето во училиште

0
983

Пореметувањето кое се изразува преку оневозможено зборување во одредени комуникациски ситуации, а се јавува најчесто кај децата, се нарекува селективен мутизам. Иако постојат ситуации во кои децата без било каков проблем зборуваат со членовите на семејството, прјателите или луѓето на кои се навикнати, во повеќето говорни ситуации тие не се во можност да зборуваат. Како и повеќето пореметувања и ова најчесто доаѓа до израз при поаѓањето во училиште.

Со оглед на неможноста од користење на говорна експресија, децата во комуникацијата се служат со други, невербални облици на комуникација, на пример, со гестикулации, со фацијакна експресија, климање на главата, покажување со рака и слично.

Заради одредена количина на страв или заради срамежливост некои деца нема да употребуваат ниту некој од знаците туку мирно ќе чекаат додека личноста со која разговараат не го погоди одговорот.

Заради поистоветувањето на ова пореметување со срамежливоста, многу често до неговото конечно дијагностицирање поминуваат и неколку години, кога детето неповратно ќе изгуби големо говорно и комуникациско искуство и со време ќе му стане уште потешко да стапи во комуникација. Иако доаѓа до погрешна претпоставка дека станува збор за срамежливост, сепак може појасно да се воочи дали сепак станува збор за селективен мутизам. Имено, кај децата со ова пореметување, срамежливоста е значително поизразена, а недостатокот од комуникација го попречува нивнот функционирање во сите животни ситуации.

Симптоми:

Повлекување во себе

Раздразливост

Отежната сепарација од родителите (при оставњето во градинка или во училиште).

Незаинтересираност за околината

Детето се колеба во одговорот, многу често и со невербална експресија

Зголемен страв, особено во непознати ситуации

Чувствителност

Анксиозност

Несигурност

Избегнување на контакт со очите

Потешкотии  со спиењето

Детето станува неспретно во движењата кога мисли дека некој го гледа

Претерана загриженост и за многу едноставни ситуации

Како да му се помогне на дете со вакво пореметување?

Дома:

Клучно е да се покаже разбирање за неговиот проблем и да не се притиска на сила да почне да зборува затоа што состојбата може дополнително да се влоши. Родителот треба да му покаже на детето дека секогаш ќе му биде поддршка. Пожелно е да се пофали секој, па и најмал чекор напред кој ќе го забележат во подрачјето на говорот и социјалната комуникација.

Во училиште:

Учителите треба да го сменат пристапот кон децата со ова пореметување и да им овозможат начини на кои ќе можат да го покажат своето знаење (на пример, усмено испитување без присуство на другите деца).

Селективниот мутизам не е последица ниту знак на доцнење во когнитивниот како ни во говорно-јазичниот развој. Со оглед на тоа што е директно врзан со анксиозност, на децата со ова пореметување треба да им се пристапи многу внимателно. Доколку на детето му се пристапи на соодветен начин, постои голема вероијатност дека постепено ќе ги развие социјалните вештини. Исто така, важно е да се реагира колку што може побргу  за настанатата анксиозност да не прерасне во поголем проблем за време на пубертетот.

 

 

[better-ads type='banner' banner='999' ]