Дали сечењето на папочната врвка е непотребен стрес за бебето?

Лекарите сметаат дека оставањето на бебињата споени со постелката (плацентата) и две недели по породувањето, е опасен тренд

0
1139

Традиција долга со векови е кога бебето доаѓа на свет, да се пресече папочната врвца за да се одвои бебето од постелката (Постелката е орган кој се формира во внатрешниот ѕид на матката непосредно пред зачнувањето. Преку постелката до плодот се пренесуваат сите хранливи материи и кислород, и се исфрлаат сите непотребни материи од самиот плод).

Во последен период се појавил тренд, родителите да не ја пресечат папочната врвца, туку да го остават бебето споено на постелката и до две недели по раѓањето. Тие сметаат дека е ова природна опција бидејќи папочната врвца отпаѓа сама, па пред да се случи тоа се уште има свои предности и бенефити за здравјето на детето.

Лекарите се против ова и истакнуваат дека станува збор за опасен тренд кој може да доведе до инфекции и серуиозно да го загрози животот на тукушто роденото бебе.

Од друга страна, мајките кои се одлучуваат за т.н. лотусно раѓање, велат дека постелката му овозможува на бебето да ги добие потребните состојки кои ги содржи во себе, а тука се и матичните клетки и можноста за опоравување на крвта. Сметаат дека сечењето на папочната врвка е непотребен стрес за бебето.

Откако мајката ќе се породи, постелката ја ставаат во сад и ја носат наоколу со бебето. Овој вид на породување станал тренд во 2008.година, а медицинските експерти се обиделе да го укинат со голема брзина.

„Постелката е подложна на инфекција затоа што содржи крв, а после породувањето во неа нема циркулација и претставува мртво ткиво. Со самото тоа бебето може да биде загрозено. Доколку сепак се одлучите на овој метод, внимателно набљудувајте го бебето за да ги воочите на време евентуалните знаци на инфекција, рекол портпаролот на British Royal колеџот.
Истражувањето покажало дека постелката може да му помогне на бебето уште три минути по раѓањето затоа што им ја збогатува крвта со кислород, но дека потоа треба веднаш да се отстрани.

[better-ads type='banner' banner='999' ]