Дали може да се дои за време на бременост?

Понекогаш се случува и покрај се што сте планирале, да нема некое оптимално растојание помеѓу децата. Тогаш постојат неколку проблеми кои можат да ви попречат и вам и на вашето дете, но и на нероденото бебе.

0
3554

Кога сите бремености би биле планирани така за да постои оптимално растојание помеѓу децата, тогаш не би имало потреба од вакво прашање. Меѓутоа, што кога е бебето се уште многу мало па чувствувате голема потреба да го доите, а наеднаш непланирано останувате бремени и сте во дилема.

Некој вели дека можете да доите уште малку па потоа би било подобро млекото да му го препуштите на другото бебе, но што се случува всушност со вас и со млекото, што да направите кога лекарот ви вели да престанете, а вие не престанувате?

Дали е безбедно да продолжите? Реално, не постојат препреки за тоа затоа што другото бебе се уште не стасало, но сепак треба да се обрне внимание на некои факти. Односно, на шест.

Иако самото доење нема да го загрози здравјето, постојат неколку проблеми кои можат да ви попречат вам, на вашето дете и на нероденото бебе.

Намалено производство на млеко

Количината на млеко кое го произведува мајчиното тело веројатно ќе се намали и тоа под влијание на новите хорони па така вашето дете ќе јаде се помали и помали оброци.

Доењето ги поттикнува контракциите

Знаете дека дојките во текот на доењето и праќаат сигнал на матката со која се поврзани. Првпат го почувствувавте тоа веднаш по породувањето. Станува збор за хормонот окситоцин кој се ослободува во текот на доењето па така постојат одредени опасности за трудницата која се уште дои, а тоа е прерано породување или ако се контракциите јаки во текот на првото тримесечје – спонтан абортус.

Бременоста го менува вкусот и квалитетот на млекото

Како што се развива бременоста така мајчиното тело почнува да произведува се повеќе колострум, што на детето кое навикнало на вкусот на вистинското млеко веројатно ќе му биде малку солено и погуст па можеби ќе престане да цица. И уште нешто – колострумот има многу повеќе повеќе лаксативи отколку обичното млеко па со доењето, со време, ќе се промени и столицата на детето.

Брадавиците ви се уште почувствителни

Дури и за време на доењето без бременост брадавиците знаат да бидат болни и чувствителни, а за време на бременоста ова чувство сигурно ќе се зголеми. Затоа некои жени едноставно не можат да продолжат со доењето.

Потребен ви е уште поголем одмор

Сега на вашето тело му треба повеќе енергија за да го одржува плодот здрав, за да произведува млеко за бебето, а се уште не се ни одморило од претходната бременост. Сето ова ќе влијае на вашиот оирганизам па веројатно ќе ви треба повеќе сон и поголем одмор а со оглед на тоа што е вашето дете се уште мало, ќе ви биде малку потешко да најдете доволно време за одмор.

Се намалува количината на нутриенти за следното бебе

Ако вашиот организам не е подготвен на ваков мултитаскинг и ако притоа уште и не се храните здраво, лесно е можно вашиот организам да украде многу важни нутриенти за бебето кое ви е во стомакот.

[better-ads type='banner' banner='999' ]