Веќе со години килибарните ѓердани се споменуваат како еден од најдобрите „лекови“ за ублажување на болките при никнувањето на првите млечни запчиња кај бебињата. Меѓутоа, истражувањето кое е спроведено во Франција потврдува дека нема никакви докази за делотворноста на килибарните ѓердани врз ублажувањето на симптомите врзани со растењето на заби кај децата.
Авторите на оваа студија ги повикале здравствените работници кои работат со деца да се ангажираат и да го запрат рекламирањето и продавањето на тие производи кои се неделотворни, а можат да имаат дури и кобни последици.
Веќе со векови се смета дека ова балтичко „богатство“ содржи природен аналгетик познат како сукцинантна киселина која се испушта во допир со топлата кожа и така ги ублажува болките. Но стручњаците тврдат дека ова нема никаква научна основа затоа што иако килибарот ја има таа кислеина, нема докази дека таа навистина се испушта во допир со кожата. Всушност, стручњаците тврдат дека таквите ѓердани можат да направат повеќе штета отколку корист затоа што можат да доведат до гушење (ако бебето голтне некое делче) или до давење.
Американските педагози уште пред неколку години почнаа да советуваат против нивната употреба и ги советуваат родителите, кога ќе почнат да никнуваат забите, наместо килибарен ѓердан да купат производи како гумени играчки кои пред да им ги дадете треба добро да с еоладат и кои привремено ќе им го ублажат непријатното чувство и ќе ги смират натечените непца. Ако веќе сте почнале да ги дохранувате, а се уште немаат заби за да прегризат тврдо овошје или зеленчук, за оваа цел можете да им дадете да гризат на пример, добро оладен морков. Подеднакво добар и ефтин избор е и цуцлата која одвреме навреме можете да ја разладувате.
Стручњаците сметаат дека современото користење на килибарните ѓердани е практично искривување на историската употреба на килибарот за таа намена. Имено, децата и во минатото ги триеле непцата со парче килибар кој можел да биде обликуван така за детето да не се повреди, а бил безбеден и затоа што вистинскиот килибар не може да се скрши. Благодарение на плунката од килибарот се ослободувале неговите антибактериски компоненти. Но претпоставката дека килибарните ѓердани го имаат истото својство само поради допирот со кожата, нема научни докази. Некои родители споменуваат дека килибарните ѓердани ги користат и при температура, а стручњаците велат дека традиционално килибарот се користел при температура, но такашто го палеле и со него ја каделе просторијата, за дезинфекција.