Сакате или не, трендовите во поглед на одгледувањето на децата се менуваат, а судејќи по пишувањето на порталот Pure Wow, годината што доаѓа ќе ја одбележат овие пет трендови.
Повеќе платени породилни денови за татковците
Сега кога мажите се повеќе се обидуваат да остварат рамноправна улога во одгледувањето на децата, во тоа ги поддржуваат големите компании кои се и инаку заслужни за воведување на новите трендови. Така компаниите како Гугл, Фејсбук и Епл веќе почнале да им нудат на татковците породилни отсуства во траење од 17 недели што во Америка, кадешто мајките имаат право само на 12 недели породилно (што е многу помалку отколку кај нас), e голема работа. Може да се очекува овој тренд да го следат и други компании.
Бебињата и пред раѓање веќе ќе имаат отворен имејл и профил на социјалните мрежи
Секако, тоа е одличен начин за документирање на најважните моменти од животот на бебето, но тоа не е единствената причина подари која модерните родители толку рано почнуваат на своите деца да им отвараат нивни профили. За тој тренд пишуваше New York Times и наведе дека родителите многу се трудат своите деца „социјално да ги активираат“ уште од првиот ден, но уште сега е тешко да се најде име кое веќе не е зафатено на социјалните мрежи или е недостапно за отварање на имејл, па родителите со време си „резервираат“ и на своите деца им даваат се почесто обични имиња кои само поинаку се пишуваат.
Нема повеќе позитивна промоција на природната убавина на телото
Позитивната промоција следната година би требало да ја замени „неутрална промоција“ затоа што се чини дека ова „позитивно движење“ не дава баш некои резултати. Затоа се повеќе се слави движењето за неутралноста на телото со кое се настојува луѓето да се натераат воопшто не обрнуваат внимание на своеот тело и изглед, наместо тие да се величаат на секој чекор. Идејата е децата и тинејџерите (особено девојчињата) да минуваат што помалку време размислувајќи за тоа како изгледаат.
Децата ќе бидат под уште поголема „лупа“
Со дигиталната технологија добивме уште поголема можност за следење на децата и тој тренд би можел уште повеќе да се почувствува. Во деведесетите добивме хеликоптер родители, а сега, со нив добиваме и се повеќе „технолошки“ родители и се повеќе апликации кои им овозможуваат непречено да го следат детето, каде и да оди и што и да прави на своите технолошки „играчки“. Родителите можат да направат „бубачки“ за следење кои лесно с екријат на облеката, а знаеме и за апликации кои автоматски го замрзнуваат мобилниот телефон на детето, се додека тоа не им се јави на родителите.
Кралски имиња
Кејт, Вилијам, Џорџ и Шарлот немаат важна улога само во своето „кралство“. Нивната популарност послендите години не само што не замира, туку со најавата на новото кралско бебе уште повеќе се продлабочува и затоа во 2018. Година многу родители ќе им даваат на своите деца кралски имиња.