Дали имате дете што се расправа?

Добро е кога децата имаат свое мислење и кои не се плашат да го изнесат. Тоа се храбри деца и забавно е да се биде во нивно друштво, но...

0
135

Има многу позитивни работи кога станува збор за децата што се расправаат. Тие обично стануваат добри лидери, но што кога децата се расправаат постојано? Тоа може да биде прилично напорно.
На пример, ако на вакво дете му каѓжете да ги измие забите, тоа ќе каже: „Ок, но не можам додека не завршам со….“
Ако му кажете да ја среди собата, ќе каже: „но прво морам да…“
Ако му понудите да игра хокеј, ќе каже: „Ама јас сакав да одам на лизгање“.
И секогаш контрира. Тоа е забавно, но не баш секогаш.
Сите ние сакаме да пораснеме независни деца кои знаат да размислуваат, но сакаат и деца кои ќе знаат да почитуваат авторитети и да не почитуваат.
Затоа за сите кои дома имаат такво дете, еве неколку совети како да излезете на крај со него.
1. Останете позитивни
Ако имате дете што е склоно кон расправање, потсетете се себеси дека постојат многу позитивни страни на таквиот карактер. Веројатно ќе порасне во силен лидер и ќе направи добри работи во животот.
2. Зборувајте за тоа
Кажете му на вашето дете дека дури и ако е сигурно дека е во право, треба да покаже почит кон вас. Вие сте негови родители и тие мораат да ве послушаат. Ова се однесува на нив кога имаат 7, но и кога имат 17 години. Постои простор за расправање, но генерално правило е дека мораат да послушаат.
3. Овозможете му на детето право на жалба
Понудете му можност да „поднесе жалба“. Тоа е лек за оние кои се склони кон расправање. Дајте им шанса да размислат за работите и кога ќе бидете во можност, сослушајте ги. Тие мора да почувствуваат дека сакате да ги слкушнете и дека и нивното мислење е важно. Ќе се чувствуваат сигурно ако видат дека постои фер систем.
4. Применете санкции ако продолжат со расправијата
Оние кои се навикнати да се расправаат, нема лесно да се откажат. Употребете една од двете последици за кои вашето дете ќе знае дека го чекаат ако упорно ви се спротивставува: Можете да ги предупредите: дајте им ја очекуваната последица со насмевка. Тоа може да биде одземањето на некоја привилегија или давањето на некоја дополнителна задача. Потсетувајте ги на тоа. Последиците нека бидат непријатни за нив толку што ќе се откажат од возбудата што им ја носи расправањето со вас.
5. Наградете ја послушноста
Воочите ги позитивните страни. Воочете кога детето веднаш ќе ве послуша. Ако му кажете колку многу ви помага тоа и колку ја цените неговата соработка, тоа ќе ги поттикне да продолжат во тој правец. Кога ќе ги спознаат мирот и слогата кои ги носи со себе послушноста, можеби ќе посакаат да изградат нови навики.

[better-ads type='banner' banner='999' ]