Дали е породувањето болно за бебето?

Кога станува збор за самото породување, трудовите и напнувањето, главно се зборува за болките кои за тоа време ги чувствува мајката. А што е со бебето, дали и тоа чувствува болки и непријатности при доаѓањето на свет?

0
2977

Сите зборуваат за тоа дека породувањето не е лесно и безболно, сите мајки ги прераскажуват своите искуства, но дали некогаш сте се запрашале што чувствува бебето во моментот кога го истиснувааѕ низ тој мал отвор и дали оние бебиња кои се родени со царски рез имале подобро искуство?

Истражувањето кое е спроведено пред три години на Универзитетот во Лондон открило дека бебињата почнуваат да чувствуваат болка помеѓу 35. и 37.недела од бременоста, уште во стомакот од мајката. Со снимање на мозочните активности во текот на рутинските прегледи и тестови овие истражувања покажале дека бебето во тие моменти навистина чувствува болка.

Меѓутоа, научниците сѐ уште немаат конкретен одговор на прашањето дали искуството на породувањето на бебињата им е болно. Наспроти тоа постојат одредени сознанија кои велат дека непријатност постои, но дека тоа не мора да биде болка туку само чувство на притисок во текот на истиснувањето и поминувањето низ родилниот канал.

Пред да се загрижите и да почнете да размислувате за царски рез, треба да знаете дека се бебињата создадени баш така за да можат без проблем да поминат низ родилниот канал и да дојдат на свет. На главата од новороденчето постојат меки делови, фонтанели, тоа се места кадешто черепот се уште не е окоскен. Токму тие фонтанели ја прават главата на бебето пофлексибилна и го олеснуваат поминувањето низ родилниот канал.

Токму од тие причини во повеќето случаи, главчето на бебето веднаш по раѓањето има чуден облик кој се поправа во првоте денови од животот.

Кога станува збор за дишењето во и надвор од матката, белите дробови на фетусот се наполнети со течност и тоа го добива кислородот преку постелката. Од моментот кога папочната врвка ќе стане заробена, пресечен е и дотокот на кислород, но тоа никако не значи дека бебето се бори за воздух.

Лекарите велат дека е поголема веројатноста белите дробови на бебето во целост да се развијат во текот на природниот, отколку во текот на породувањето со царски рез.

Поминувањето низ самиот родилен канал помага течноста од белите дробови да исчезне и бебето да продише штом ќе се роди. Токму од таа причина внимателно слушајте го тој прв плач затоа што е тоа прв знак дека белите дробови функционираат како што треба.

Иако не постои конкретен доказ дека самото пораѓање е болно искуство за бебињата, многу стручњаци тврдат дека природното, вагинално породување е најдобра опција и за мајката и за бебето и голема е веројатноста дека непријатноста која бебето ќе ја почувствува во текот на породувањето нема да остави никакви последици. Без оглед дали е болно или не, сепак, природното породување би требало да биде вашиот прв избор.

[better-ads type='banner' banner='999' ]