Дали децата треба да си играат со таканаречените Нерф пушки?

Докторите предупредуваат на опасностите од оваа популарна детска „воена“ опрема

0
197

Нерф пушките се се попопуларни и голема е веројатноста дека и вашето дете би можело да ви побара да му купите една или пак веќе ја има во својот борбен арсенал. Бидете внимателни и прочитајте што мислат за неа докторите.

Иако куршумите се меки, нивната глава е пластична, а тие можат да летнат толку силно и брзо што децата не ги сфаќаат како опасност.

Многу луѓе веќе поминале низ амбулантите со различни повреди на очите, а меѓу нив има исто толку деца, колку и родители кои настрадале од раката на своето дете, а очигледно е дека предупредувањето за начинот на користење на пушката не е доволно за да се спречат натаошните повреди.

Некои пациенти пријавиле повреди на окото откако некој испукал куршум од растојание од еден метар, но дури и од 8-9 метри оддалеченост куршумот и натаму лета доволно брзо за да може да остави кобна трага на нежното и чувствително око.

Последиците се од краткотрајна, но силна болка, заматен вид, па се до неповратно оштетување на окото.

Затоа докторите, ако веќе не можат да ја спречат нивната продажба, ги предупредуваат родителите на децата да им набават и адекватна заштита за очите, како на пример, очила за заварување или за нуркање.

[better-ads type='banner' banner='999' ]