Дали децата треба да изедат се од чинијата?

Денешните порции се многу поголеми од што некогаш биле, па кога родителите ги тераат децата да изедат сè што им е сервирано, несвесно им отежнуваат да одредат кога им е навистина доволно храна.

0
458

Едно истражување кое вклучува податоци од околу 2.200 адолесценти и 3.500 родители, покажало дека татковците се посклони кон поттикнување на децата да изедат сè од чинијата. Исто така притисокот е поголем врз момчињата во тинејџерските години отколку врз девојчињата.

Некои стручњаци веруваат дека опасноста од детската гојазност се влошува ако родителите не се во можност да оценат дали нивните деца се со здрава тежина или не.

Ова истражување е извршено паралелно со друга студија што укажува дека клучот е во избегнување на прејадување и во мали оброци.

Истражувачите го набљудувале однесувањето на витките и на дебелите лица на забавите со шведска маса и забележале дека витките лица биле седумпати посклони да земаат помали чинии, бидејќи прво проучувале што има понудено, а потоа го избирале својот оброк.

Слабите луѓе повеќе набљудуваат кои намирници се достапни и врз основа на тоа го избираат оброкот, а дебелите лица почесто земаат сè што им е при рака.

[better-ads type='banner' banner='999' ]