Кристен Подулка е американка која две години живеела со своето семејство во Данска. За тоа време воочила некои особини на данските родители кои, како што верува, можат да им бидат пример на сите кои сакаат да внесат малку повеќе среќа и задоволство во своето родителство, бидејќи Данците според некои истражувања, важат за најсреќна нација на светот.
1 Родителите мора да имаат време за себе
Во Данска важи правило сите деца да одат во градинка и државата им ја плаќа градинката на сите. На овој начин, родителите, дури и ако работат од дома, имаат време и простор за себе.
- Заборавете на родителските стравови
Во Данска не постои презаштитување на децата. Во повеќето училишта во Данска постои простор за ложење на оган за да можат децата да препечат лепче, а во училниците горат свеќи и никој не крева паника дека некој би можел да се изгори. Данците не се плашливи и редовно ги изложуваат децата на опасности, вели таа.
- Нема бирање
Данците не веруваат премногу во можноста за избор, туку ја сметаат истата за загрижувачка и непотребна. Не само што секој ден на децата им го пакуваат истото јадење за ужина, туку сите родители на децата секој ден им го пакуваат потполно истото јадење – паштета од џигер на ржан леб, моркови и јаболки.
- Семејството е на прво место
Во Данска никој не останува во канцеларија после 16 часот. Сите истовремено одат по децата, па дома на заедничко подготвување вечера. Зборот со кој Данците ја опишуваат топлата атмосфера на дружење со драгите личности уживајќи во убави рабпти е “hygge”, а ништо не е повеќе hygge од седењето на маса и муабетењето со семејството и пријателите. Данските семејства промислено создаваат таква атмосфера речиси секоја вечер.