Бројот на деца кои се на терапија поради анксиозност, во Велика Британија пораснал за 60 отсто во последниве две години, а илјадници деца страдаат од напади на паника.
„Анксиозноста е растечки проблем помеѓу младите“, изјавил Питер Венлес, директор на водечката британска организација за помош на загрозените деца.
Децата постојано се бомбардираат со застрашувачки информации, а прекумерната употреба на социјалните мрежи го зголемува чувството на неприлагоденост и нивото на очај помеѓу младите, правејќи ги склони кон самоповредување, велат стручњаците.
Министерот за здравство Џереми Хант одржал состаноци со претставниците на Фејсбук, Твитер и Мајкрософт за да разговараат за заштитата на младите од злоупотребата на социјалните мрежи.
Меѓутоа, наспроти сеопштата загриженост, Фејсбук неодамна активираше нова апликација за чет наменета за деца од шест години.