Бременоста во лето  

Високите температури и влажноста на воздухот во текот на летото прават трудниците, особено оние кои се во третото тримесечје од бременоста, да се чувствуваат уморно, тешко и тромо. Еден од најчестите проблеми се отечените зглобови на нозете.

0
971

На трудниците не им е лесно во текот на летото, особено ако се во третото тромесечје од бременоста. Високите температури и влажноста на воздухот прават тие да се чувствуваат уморно, тешко и тромо. Еден од најчестите проблеми се отечените зглобови на нозете. Сепак, предност на летниот период е тоа што ќе можете многу повеќе време да поминувате на воздух.

Ако температурата на воздухот скокне над 30 степени Целзиусови, препорачливо е трудниците да останат дома, односно, да не се шетаат надвор. Се што е потребно да завршите надвор, направете го во утринските или во вечерните часови и намалете ги активностите колку што е можно повеќе. Носете облека во светли бои изработена од природни материјали, која не е премногу тесна.

Еве уште неколку корисни совети за трудниците во лето:

Кожата на трудниците е чувствителна и со самото тоа склона кон изгореници од сонце. Заштитете ја кожата и не се изложувајте премногу на сончевите зраци, особено во средината на денот. Користете заштитен фактор кога излегувате преку ден, а би било паметно да имате и шапка.

Пијте многу течности. Внесувајте во организмот и дополнителни електролити, со оглед на тоа што бремените жени повеќе се потат и губат тенпсти. Секогаш носете со себе шише вода и пијте и пред да почувствувате жед.

Избегнувајте вежбање или движење по жештините.

На првиот знак на замор, вртоглавица или ненадејна жед, тргнете се од сонце. Најдобро би било да ги прекинете сите активности и да се одморите доколку се појават вакви симптоми. Ако и покрај одморот не се чувствувате добро, јавете се на лекар.

Отекувањето на нозете е чест проблем кај летните бремености. Овој проблем не се појавува само во лето, но како последица од жештините и од влажноста на возхудот, може драстично да се влоши. Единствен спас е да ги кренете нозете додека седите или додека лежите, и што помалку да се движите. Исто така, можете да го намалите консумирањето на сол затоа што е тоа придонесува за задржување на течностите.

Што е препорачливо:

Да се легне на 30 до 60 минути дневно, на крајот од работниот ден и после ручек.

Да се држат нозете поткренати за време на спиењето.

Да се носи удобна облека, најдобро за половина бро поголема.

Да се шета наутро и навечер.

Да се извадат прстените. Можно е да дојде до отрекување на рацете па е најдобро претходно да се извадат сите прстени.

Што не е препорачливо:

Да носите облека која стега, особено во пределот на половината.

Да стоите предолго на едно место.

Да консумирате премногу сол во исхраната. Намалете со солта, но не ја елиминирајте затоа што таа содржи јод кој е битен елемент за здравјето на фетусот.

Да земате диуретици. Тие можат да предизвикаат губење на електролитите, а тоа може да го загрози бебето.

[better-ads type='banner' banner='999' ]