Бебињата во Скандинавија спијат на отворено и на – 30

Скандинавците живеат во далеку поладна клима од нашата, а сепак нивните деца поминуваат на отворено многу повеќе време. И не само тоа, туку жителите на северот од Европа своите бебиња ги оставаат да спијат надвор дури и кога температурата ќе се спушти до -30 степени!

0
3954

 

Она што ќе го изненади секој турист кој во зима ќе се најде во земји како Шведска, Данска или Исланд се низата колички за бебиња наредени на тротоарите пред кафулињата и ресторани. Додека родителите внатре пијат кафиња и чаеви, нивните потомци спијат убаво покриени на температури под нулата, дури и ако вее снег или шиба ветар.

И кога се дома, тие за попладневната дремка ги изнесуваат бебињата со количките на тераса за да не го пропуштат редовното дневно челичење на остриот северен воздух.

2

Пред градинките секое попладне се наредени колички со заспани бебиња што покажува дека ова не е само хир на родителите туку и официјална здравствена политика во овие земји.

„Кога температурата ќе се спушти под -15 степени, задолжително ги покриваме количките со ќебенца“, рекла за BBC воспитачката од една градинка во околината на Стокхолм.

Во културата и традицијата на скандинавските народи обичајот да ги оставаат децата да спијат на ладно има длабоки корени, а зад него стои убедувањето дека оваа пракса создава здрави и отпорни деца.

Скандинавците се воспитани такашто сметаат дека престојот на отворено во сите временски услови е добро за нивните деца. Така правеле и нивните баби и мајки, и така прават и тие денес. Освен што е добро за имунитетот, спиењето на ладно делува и врз тоа бебињата да спијат подобро и подолго, велат скандинавските родители.

_66054359_thermometer624

Според едно истражување спроведено во Финска, оптимална температура за спиење на бебињата на отворено е -5 степени, иако многу родители велат дека ги оставаат своите деца да спијат на отворено и на неверојатни -30 степени Целзиусови.

 

[better-ads type='banner' banner='999' ]