Најновиот тренд кај породувањето, т.н. ‘Baby seeding’, односно ставање вагинална течност на телото и лицете на бебето, се спроведува за да се воспостави имунолошкиот систем кај бебињата родени со царски рез. Иако идејата изгледа чудна, оваа постапка му овозможува на бебето да добие добри бактерии на кои би било изложено доколку се роди по вагинален пат.
Бактериите помагаат во регулирањето на нашиот метаболизам и тие играат клучна улога на воспоставувањето на нашиот имунолошки систем.
„Клучното време на сеење на нашиот микробиом се случува при породувањето. Подготвувањето на темел на бактерискиот екосистем кај бебињата започнува во мајчината утроба во текот на бременоста. Но најважниот момент на сеење се случува при породувањето. Во неделите и деновите кои му претходат на породувањето, клучните бактерии се собираат во матката на мајката и дојките. Потоа, во текот на трудовите и породувањето, посебен коктел од бактерии се пренесува од мајката на детето во родилниот канал. Кога бебето ќе тргне кон излезот, низ родилниот канал, ги прима бактериите од мајката од матката. Бебето е прекриено со бактерии, избањато е во нив, ги голта бактериите. И тоа е првата средба на бебето со светот на бактериите, светот во кој сите ние живееме. Тоа е темелен микробиом за тоа бебе, пишува Дуња Гулин од хрватската задруга Доула во текстот „Како породувањето влијае врз имунитетот и здравјето на детето?“
Др. Родни Диетерт, професор по имунотоксикологија на Корнел, верува дека овој микроскопски процес кој се одвива во текот на породувањето е од критична важност за идното здравје. Кога бебето се спушта по родилниот канал во текот на вагиналното породување, тоа е главен настан на сеењето. Црвените микроби се од пресудна важност за развој на имунолошкиот систем и на способноста успешно да разградуваме различни хранливи состојки и хемиски соединенија од средината.
Што значи „сеење“ бактерии на бебињата родени со царски рез?
На новороденчето веднаш по раѓањето се става стерилна вагинална течност, на неговото тело, лице и уста. Оваа постапка е особено популарна во Австралија кадешто новите мајки самите го бараат затоа што сакаат на своите новороденчиња да им ја дадат таа прва „инјекција“ на природен имунитет такашто ги изложуваат на бактериите кои би ги добиле ако се родени вагинално.
„Постои разлика помеѓу микробиомот кај бебињата родени по вагинален пат во споредба со бебињата родени со царски рез. Во текот на вагиналното породување бебето доаѓа во допир со мајчините вагинални и фекални бактерии. Бебето родено со царски рез доаѓа во допир со бактериите кои се наоѓаат во болницата и на кожата на мајката“, објаснува др. Рејчек Рид од Универзитетот Sunshine Coast. Се уште не е познато дали оваа постапка помага долгорочно, но некои стручњаци веруваат дека краткорочно може да им помогне на бебињата да добијат одредено ниво на микробиоми кои би го добиле да се родени по вагинален пат.