Иако овој зафат е помалку познат, секако дека не е нов. Ако сте на крајот од бременоста а докторите ви велат дека е вашето бебе се уште завртено наопаку и дека најверојатно ќе мора да се породите со царски рез, еве ви доказ дека има и поинакво решение.
Доколку знаат како, докторите можат да го завртат бебето во правилната положба уште во стомак. Овој третман се нарекува ECV (external cephalic version) и значи токму тоа, вртење на бебето однадвор додека е уште во матката.
Ако ве интересира како изгледа ова погледнете го видеото. Ова е снимено во болницата Ројал Сасекс во Брaјтон. Наводно, зафатот е доста болен, но трудниците претходно добиваат средство кое ќе ги опушти, особено матката, а потоа лекарот го зема бебето во своите раце. За тој зафат наголемо зборувала и Ким Кардашијан која го поминала истиот и благодарение на тројца лекари, нејзиното бебе пред раѓањето било свртено со главчето надолу.