Бургери од туна и пченка

Ако сте љубители на брзата храна, а сепак внимавате на исхраната, пробајте ја оваа нискокалорична верзија на хамбургер која ќе ги воодушеви вашите деца.

0
132

Состојки:

Презли или 2 кришки леб

200 г варена пченка

2 конзерви туна

25 г рендан кашкавал

3 млади кромитчиња

1 јајце

2 лажици маслиново масло

4 пецива за хамбургер

Приготвување:

Ставете во блендер пола од пченката и лебот, а потоа додадете ги туната, остатокот од пченката, кашкавалот, јајцето, туната, исечкано младо кромитче, маслиново масло и зачини по вкус. Добро измешајте и обликувајте плескавици. Испечете ги на грил тава и направете хамбургери со салата по ваш избор.

[better-ads type='banner' banner='999' ]