Бабите и дедовците клучни во откривањето на аутизмот кај детето

Голема анкета спроведена помеѓу 477 американски родители открила дека бабите се најчесто првите кои ги воочуваат првите знаци на аутизам кај децата.

0
1324

Голема анкета спроведена помеѓу 477 американски родители открила интересни нови податоци врзани за дијагностицирањето на пореметувањата од аутистичниот спектар кај децата.

Истражувањето иницирано на Универзитетите Колумбиа и Карнеги Мелон, како и во медицинското училиште Ичан во САД покажало дека бабите се најчесто првите кои ги воочуваат првите знаци на аутизам кај децата.

Секако, стручњаците ги интересирало зошто е тоа така па во своите студии нашле неколку можни причини. Првата и најважната е количината на времето кое бабите и дедовците ги поминуваат со своите внуци, а тоа особено се однесувало на бабите кои на внуците им посветуваат најмногу внимание.

Повеќе од половината испитани родители кај чие дете некоја друга личност прва ги воочила знаците на аутизам, изјавиле дека  станува збор за бабите и дедовците, додека четвртина од испитаните родители нагласиле дека станува збор за бабите од мајчина страна.

Истражувањата покажале дека веројатноста тоа да се случи била пропорционална на времето што го минуваат бабите со своуте внуци. Тоа никого не би требало премногу да го чуди, затоа што е логично луѓето кои поминуваат најмногу време со детето први да ги воочат работите кои други луѓе можеби не би ги воочиле.

Освен тоа, научниците сметаат дека бабиуте и дедовците веќе имаат искуство во воспитувањето и во гледањето на децата, па можат да забележат некое отстапување кое на младите родители можеби не би им било веднаш воочливо. Исто така, се смета дека бабиуте и дедовците не се толку субјективни кај проценувањето на детето како родителите.

За каква анкета станува збор?

Спроведената анкета опфатил 477 родители на деца со дијагноза на некое од пореметувањата од аутистичниот спектар. На прашањата во поголемиот број случаи одговарале мајките, дури 86 отсто од нив.

Втората анкета која се надоврзала на ова истражување опфатила 196 пријатели и други членови од семејството чии имиња ги посочиле самите родители.

Научниците дознале дека 80 отсто од аутистичните деца се со машки пол и дека пореметувањето им е дијагностицирабо, во просек, на возраст од 33 месеци.

Идеален период за дијагноза би бил пред втората година од животот, но тоа најчесто не се случува, објаснуваат, додека децвата не влезат во некој вид на школски систем какви што се градинка или забавиште.

Што дознале научниците?

Цел на истражувањето и на спроведената анкета било да се утврди како семејната структура влијае на раното или доцното откривање на пореметувањата од аутистичниот спектар кај детето.

Фактори поврзани со дијагнозата:

Најблиски роднини:

Кај децата со аутизам кои имаат браќа или сестри, пореметувањето е дијагностицирано 6 до 8 месеци подоцна од просекот. Тоа се објаснува со фактот што родителиуте обраќаат повеќе внимание на детето кога е тоа единец.

Останатите членови од семејството:

Четвртина од родителите изјавиле дека личностите блиски до нивните деца воочил одредена специфилна состојба кај детето пред нив самите. Најчесто станувало збор за бабите од мајчина страна (27 отсто) или учителките/воспитувачките (24 отсто). Дури 59 отсто од родителите кажале дека бабата или дедото биле тие кои забележале отстапки во однесувањето на детето.

Што одговориле роднините и пријателите:

Повеќе од пола од испитаниците во анкетата биле дедовци и баби или вујковци/чичковци/тетки. Педесет и осум отсто од нив ги гледале децата на неделна база. Нешто помалку од 50 отсто потврдиле дека почнале да имаат одредени сомнежи пред самите родители да станат свесни за тоа. Од тоие кои се посомневале, околу половина одлучиле да им пристапат на родителите и да го изразат своуте сомнежи, додека другата половина го задржала своето мислење за себе.

[better-ads type='banner' banner='999' ]