Кога ќе добиете дете сѐсе менува преку ноќ. Тоа е време кога ви е потребна поддршка од членовите на семејството, колегите и веројатно најважно – од пријателите.
Но, загрижувачките резултати од анкетата која е спроедена во Велика Британија покажуваат дека во голем број случаи мажите ги прекинуваат пријателствата со оној од друштвото кој добил бебе.
Ова можеби не е неочекувано, особено ако сте прв во вашиот круг на пријатели кои станале родители.
Она што може да ви помогне да се чувствувате помалку отфрлено е да се свртите кон познаниниците кои имаат деца, наместо да се правите дека сте храбри и дека држите сѐ пoд контрола. Во првите недели по раѓањето на бебто, на сите им е потребна поддршка.
Тоа е прекрасно искуство, но умее да биде застрашувачко во некои моменти особено додека не се навикнете на фактот дека сте сега тројца.
Полесно ќе се справите со стресот ако имате со кого да ги споделите своите грижи. И не се лутете на пријателите кои „исчезнале“ од вашиот живот кога добивте дете. Тоа е природно. Ако сте биле вистински пријатели, ќе се вратат, штом вие успеете да ги „фатите конците“ и станете повторно оној стариот. Дајте им некое време да се снајдат и уште поважно, дајте си време на себе.
Фото: Pexels