Ако некогаш сте биле казнети во училиште, на тој начин што сте биле прунудени во мир и тишина да размислите за своите постапки, тогаш сигурно знаете дека таква казна не делува. Сѐ за што сте размислувале во тој момент е времето за казната што побргу да помине.
Но едно основно училиште во Балтимор се сетило на нешто друго. Наместо да ги казнуваат децата со изолација или со испраќање на разговор кај управителот, ги испраќаат учениците во посебна просторија која ја нарекуваат Соба за свесна медитација.
Непослушните деца таму седат и прават вежби за дишење или медитација што им помага да се смират и да се фокусираат. Исто така, таму разговараат за она што се случило.
Дека медитацијата е добро решение потврдиле и две студии. Една од нив им ја предлага на војниците за полесно да излезат на крај со сите ситуации во кои се нашле. Друга студија пак открила дека медитацијата го поправа фокусот и вниманието заради што станала составен дел од разни облици на психотерапија.
Освен медитација, на учениците во училиштето им е понудена и јога како и различни други облици на вежби.
„Човек никогаш не би рекол дека тие деца навистина ќе седат и ќе медитираат, но тие тоа навистина го прават. Медитираа дури и пред одењето на прослава по повод Божиќ иако знаеја дека таму ќе добијат подароци, но сеедно претходно ја одработија медитацијата“, раскажал Кирк Филипс, раководител на проектот.
По воведувањето на овој програм, бројот на деца со несакано однесување е во опаѓање, а се намалил и бројот на изостаноци. Некои од учениците научиле како да го променат својот живот – на подобро.
Фото: Unsplash