Најмалото бебе на светот е конечно дома (ВИДЕО)

Ова бебенце е родено во најголемото породилиште во Калифорнија, а тежело како малку поголемо јаболко - 245 грама. После 5 месеци, со речиси 2 ипол килограми, девојчето е пуштено дома

0
281

Болницата за жени и новороденчиња Sharp Mary Birch Hospital, најголемата клиника за породилишта во Калифорнија, со гордост го претстави девојчето по име Сајби, најмалото бебе кое дојде на свет со само 245 грама. Родено е во декември минатата година, а по речиси пет месеци поминати во болницата пуштено е дома како совршено здраво девојче, тешко два и пол килограми.

По тешките комликации во бременоста, мајката на Сајби ја родила со итен царски рез во 23.недела од бременоста, додека вообичаена бременост трае околу 40 недели. Лекарите објасниле дека предвременото породување било потребно затоа што со преглед откриле дека детето не добива на тежина, а животот на мајката бил изложен на непосреден ризик.

Децата кои се раѓаат волку рано се соочени со бројни медицински проблеми и нивното преживување е загрозено. Сепак, Сајби покажала неверојатна снага и многу брзо напредувала и добивала на тежина.

Според ифицијалниот регистар Tiniest Babies, кој го води универзитетот во Ајова, се смета дека токму Сајби е најмалото преживеано новороденче во светот. Имено, тежела 7 грама помалку од претходното најмало бебе кое е родено во Германија во 2015.година.

Иако родителите дале одобрување нивната приказна да се пласира во јавноста, одлучиле да останат анонимни за да можат во целост да се посветат на грижата за својата ќеркичка па затоа и името на бебето е измислено, се наведува на официјалните страници на болницата.

Фото: Sharp Mary Birch Hospital

[better-ads type='banner' banner='999' ]