И мажите имаат биолошки часовник

Која е граничната возраст за татковство и кои се ризиците за децата?

0
246

Жените многу почесто размислуваат за својот биолошки часовник и за тоа која е најдобрата возраст да се стане мајка, но и возраста на мажот има незанемарлива улога. Повеќе се става акцент на биолошкиот часовник и на плодноста кај жените, но новите истражувања тврдат дека ни мажите немаат многу време за деца. Според студијата објавена во списанието Maturitas, мажите би требало да размислат за зачување на својата сперма пред таа да достигне до поодмината возраст за станување татко. Таа гранична возраст се смета дека е онаа над 40 години, но кај некои мажи тоа се и доцните триесетти.

Во тие години доаѓа до намалување на плодноста и на можноста за зачнување, но и до поголеми ризици во бременост. Имено, поодминатата возраст на таткото може да ги зголеми шансите за гестациски дијабетес, прерано раѓање на детето или прееклампсија.

Покрај тоа новороденчето има поголема склоност кон срцеви болести, напади, но и мала килажа при породувањето. Постојат дури и индикации дека децата со повозрасни татковци се посклони кон одредени типови на рак или кн когнитивни пореметувања.

Авторката на студијата Глориа Бечмен коментира: „Иако е широко прифатено дека прменте во женскто тело после 35.година можатда влијаат на зачнувањето, бременоста и здравјето на детето, многу мажи не сфаќаат дека нивната возраст може да го има истиот ефект. Баш како што мусуите ја губат силата, флексибиноста и издржливоста со текот на годините, истото се случува и со машките сперматозоиди“, објаснила и додала дека проблемот лежи во природното намалување на тестостеронот.

Фото: Pexels

[better-ads type='banner' banner='999' ]