Зошто во машките тоалети нема масички за менување на пелените?

Масичките за пресоблекување на бебиња станаа задолжителни во машките тоалети во Њујорк. Мислите ли дека има потреба и кај нас да се направи истото?

0
155

Според законот кој стапил на сила на 1.јануари мажите во Њујорк ќе можат да му сменат пелена на своето бебе во јавните тоалети.

Сите нови и обновени јавни згради во Њујорк сега мора да имаат маси за пресоблекување на бебињата во машките и во женските тоалети за двајцата родители да добијат еднаква можност да се грижат за своите деца.

Гувернерот на Њујорк Ендру Комо го најавил овој закон уште во април минатата година велејќи дека сите родители заслужуваат чист и сигурен простор на кој ќе можат да се погрижат за потребите на своето бебе“.

Новиот закон ќе се однесува на рестораните, продавниците и државните објекти, пишува „USA Today“.

„Не менуваат пелени само мајките“, изјавил демократскиот сенатор Бред Хојлман, кој работел на новиот закон

Во текот на 2017. година во Њујорк многу татковци споделуваа фотографии на кои ги преслекуваат бебињата во приватни тоалети, во знак на поддршка на иницијативата овие масички за пресоблекување да се постават и во машките тоалети.

Фото: Pixabay

[better-ads type='banner' banner='999' ]