Дали татковците се однесуваат поинаку кон ќерките?

Сите сме чуле за изразот „Таткина ќерка“ со кој често знае да се нагласи посебната врска која постои помеѓу татковците и ќерките. Има ли вистина во тоа? Дали татковците навистина се однесуваат поинаку кон своите мали принцези или е тоа само мит?

0
173

Новото истражување покажува дека татковците се однесуваат поинаку кон ќерките во однос на синовите и дека таквото однесување има долгорочно влијание. Истражувањето е објавено во јунското издание на „Behavioral Neuroscience, а проучувале како мозокот на татковците реагира на двата пола и дали се однесуваат свесно или несвесно поинаку кон ќерките односно, кон синовите.

Во студијата учествувале 52 мажи кои имале деца што одат во градинка (30 девојчиња и 22 момчиња) на подрачјето на Атланта. Татковците биле повнимателни кон ќерките, повеќе им пееле, а со момчињата си играле погрубо отколку со девојчињата.

Со татковците бил направен уште еден експеримент, им го снимале мозокот додека гледале фотографии од непознати луѓе и деца, но и од нивните деца со среќен, неутрален и тажен израз на лицата. Татковците кои имаат ќерки повеќе реагирале на своите ќерки со среќен израз на лицето во оние делови од мозокот кој е важен за емоции и награди. Со други зборови, татковците стануваат многу сентиментални кога ќе го видат среќното лице на своите ќерки, што и не е толку изненадувачки.

Дел од истражувањето кој најмногу ги изненадил научниците е поврзан со татковците кои имаат синови. Тие посилно реагирале на неутралниот израз на лицето од своите синови отколку татковците на девојчињата, што покажува дека татковците можеби повеќе преферираат емоционална двосмисленост и стоицизам за своите синови – сакале да го признаат тоа или не.

Реакцијата на мозокот на тажниот израз на лицето од децата била иста кај сите татковци, без оглед дали имаат син или ќерка, родителското срце реагира исто на тажното дете.

„Ако детето плаче или го бара таткото, мажите кои имаат девојче ќе реагираат пвеќе отколку оние кои имаат синови“, рекла водителката на истражувањето д-р Џенифер Маскаро од Универзитетот Emory од Атланта.

Маскаро ги советува родителите да станат свесни за несвесните реакции на полот на детето и како тоа влијае на нивните односи кон децата од рана возраст. Разликите во однесувањето можат да имаат долгорочни последици на ќерките и на синовите.

Така на пример, татковците со синовите помалку ќе зборуваат или помалку ќе обрнуваат внимание на емотивните потреби на синовите и можеби потсвесно помалку ќе покажуваат емоции кон своите синови, а таквото однесување може да влијае на нивниот емотивен развој и да има долгорочни последици.

„Повеќето татковци се обидуваат да го дадат најдоброто што можат и да направат сѐ што можат за нивните деца да успеат, но важно е да се разбере како нивната интеракција со децата може да зависи од полот“, објаснува Маскаро.

Фото: Pixabey

[better-ads type='banner' banner='999' ]