Дали машката долна облека се одразува на квалитетот на спермата?

Научниците докажале дека мажите кои носат широки боксерки во текот на денот и спијат голи, имаат значително помало ниво на оштетена ДНК во сперматозоидите, во споредба со оние кои носат тесни боксерки и дење и ноќе.

0
410

Сѐ повеќе двојки се соочуваат со проблеми при зачнувањето на дете. За ова има голем број причини, но понекогаш, проблемот лежи во нешто на што ретко кој помислува.

Имено, мажите кои сакаат деца треба да знаат дека долната облека која ја носат е поврзана со квалитетот на спермата.

Судејќи по спроведената студија, мажите кои носат широки боксерици во текот на денот и спијат голи, имаат значително помало ниво на оштетена ДНК во сперматозоидите, во споредба со оние кои носат тесни боксерки и дење и ноќе.

„Мажите кои сакаат деца, би требало да знаат дека облеката што ја носат е поврзана со квалитетот на спермата“, вели истражувачот Кетрин Сапра.

„Сперматозоидите на мажите кои преку ден носат широки боксерки и спијат голи имаат значително помали оштетувања на ДНК фрагментот“, нагласува таа.

Студијата следела 500 мажи во текот на цела година, земајќи ја предвид облеката што ја носат и квалитетот на спермата.

Научниците утврдиле дека мажите кои носат широки боксерки во текот на денот имаат за 25 отсто помалку оштетени фрагменти на ДНК отколку оние кои носат тесни гаќи.

Иако бројот на учесници во истражувањето е релативно мал, и некои други докази покажуваат  дека покомотната долна облека има добри ефекти врз плодноста на мажите.

„Веќе некое време знаеме дека не е добро тестисите да бидат премногу загреани, без оглед дали е тоа заради работата или заради тесната долна облека, затоа што тие имаат полош квалитет на спермата во однос на оние кои „таму долу“ имаат поладна температура“, вели Алан Пејси.

Меѓутоа, она што никогаш не е докажано е дали со промената на типот на долната облека мажите можат да го подобрат квалитетот на спермата.

„Она што сега треба да го утврдиме е дали носењето на поширока долна облека може да помогне доколку е спермата веќе оштетена“, истакнува тој.

Во меѓувреме, оние кои сакаат потомци или едноставно се грижат за здравјето на спермата, секако немаат што да изгубат со тоа што ќе носат поширока долна облека, а може да им помогне.

„Во тоа, дефинитивно, нема никаков ризик и носењето на поширока долна облека е секако совет за оние кои сакаат да станат родители“, додава Пејси.

[better-ads type='banner' banner='999' ]