Мајката не можела, па таткото го „подоил“ новороденчето

Фотографија на татко од Висконсин како ја „дои“ својата новородена ќерка со помош на посебен систем, ги растопила срцата на многумина ширум светот

0
217

Максимилиан и Ејприл Њубауер се горди родители на малата Росалија, нивното „чудесно бебе“. Во еден момент, Ејприл мислела дека никогаш нема да има деца поради синдромот на полицистични јајници.

Во текот на породувањето Ејприл имала повеќе напади. Бебето дошло на свет со царски рез, а мајката била префрлена на интензивна нега за да се опорави.

Ејприл направила план за породувањето кој вклучувал доење веднаш по породувањето, но заради компликациите, не била во можност да го реализира. Сепак, тоа не ја запрело медицинската сестра Сибил Мартин-Денехи во настојувањето да ѝ ги исполни желбите.

Му дала на таткото Максимилијан да го нахрани девојчето со помош на дополнителен систем за доење. Му донела лажен штитник за брадавици, цевче за хранење, шприц и адаптирано млеко.

Максимилијан го ставил „уредот“ и ѝ го овозможил на ќеркичката првиот оброк – точно под неговата „мама“ тетоважа.

Фотографиите од Максимилијан како ја „дои“ својата ќерка се споделени речиси 30.000 пати проследени со честитки кои доаѓаат од целиот свет.

[better-ads type='banner' banner='999' ]