Бременоста најчесто се доживува како женска работа. Малку жени веруваат дека таткото навистина ги сфаќа. И тоа е точно. Татковците зборуваат за тоа, покажуваат интерес, сочувствуваат, читаат по малку, но искуството да се има бебе го доживуваат со менувањето пелени и непроспиените ноќи. Ниеден маж не може да замисли како е да се носи бебето секоја минута, блиску до срцето, со мрдање во стомакот.
Но, можат да учествуваат. Можат да бидат таму за да го слушнат првото срцебиење, можат да учествуваат во изборот на името и во уште многу нешта. Еве уште неколку начини за да бидете поприсутни.
ОБРНЕТЕ ВНИМАНИЕ
Вие не можете да бидете бремен, но можете да учествувате како активен набљудувач. Дајте и до знаење на вашата партнерка дека уживате да го гледате нејзиниот растечки стомак. Почувствувајте го мрдањето на бебето. Пуштете музика и читајте му на бебето.
Водете татковски дневник и запишете ги вашите мисли за кои сакате да разговарате со вашата партнерка. Чувајте снимка од развојот на бебето за време на бременоста.
БИДЕТЕ ТУКА ЗА НЕА
Обидете се да стасате на повеќето прегледи на вашата партнерка и да поставувате прашања. Тоа покажува дека сте вклучени во ситуацијата. Не пропуштајте можност да го видите бебето на ултразвук.
Ако вашата партнерка прави амниоцентеза, бидете таму. Ако постојат часови за породување, посетувајте ги заедно.
НЕГУВАЈТЕ ГО ЗДРАВЈЕТО
Како што вашата партнерка внимава на исхраната, не пие алкохол, пие повеќе течности, внимавајте и вие. Поддржете ја со тоа што ќе ги споделите промените во животниот стил. И вие намалете со алкохолот, не пушете, пешачете и најдете време за да бидете заедно.
САКАЈТЕ ГО НЕЈЗИНОТО ТЕЛО
Фотографирајте ја партнерката во профил секој месец од бременоста за да ги овековечите промените на нејзиното тело. Како што напредува бременоста, така таа понекогаш можеби нема да ви изгледа толку привлечна. Но, сепак, кажувајте и дека е прекрасна.
ЧЕКОР НАПРЕД
Ако вашата партнерка има многу барања, удоволете и. Таа го носи тешкиот товар. Најмалку што можете е да купувате, да и пратите цвеќе и навечер да и донесете сирење и џем од јагоди.
ЗАПОМНЕТЕ ГО ПАТОТ ДО БОЛНИЦАТА
Ова може да ви изгледа очигледно, но ако сте дома кога ќе и прсне воденикот на вашата партнерка, најверојатно вие ќе треба да ја однесете во болница. Бидете сигурен дека ја знаете маршрутата до болницата. Партнерката тоа ќе го почитува, зашто нема да треба да се грижи и за тоа.
ПАРТНЕР ВО РАЃАЊЕТО
Бидете подготвен да ја поддржите. Бидете спремен да ја прегрнете, да ја масирате, да и$ давате течности. А можете и да ја пресечете папочната врвца, ако сакате.
КУПУВАЈТЕ, ЗБОРУВАЈТЕ И ОДЛУЧУВАЈТЕ
Додека стаса бебето, вие сигурно ќе купите некаква облека, ќе ја подготвите собата, ќе набавите седиште за во автомобил, ќе изберете име, пелени и слично.
НОВ ЖИВОТ КАКО СЕМЕЈСТВО
Почнете да штедите за школување, земете слободни денови, обезбедете го домот и купете $ подарок на партнерката. Најпосле, таа вам ќе ви подари неверојатен подарок.