СЕДУМ РЕЧЕНИЦИ СО КОИ ЌЕ ГО РАСИПЕТЕ ВАШЕТО ДЕТЕ

0
559

Совршен родител не постои и никој не вели дека треба по секоја цена да бидете такви, но можете да вложите малку труд и да размислите какви пораки им испраќате на вашите деца.

ТОЛКУ СИ ПАМЕТЕН/УБАВ/СЛАДОК

За ова сме веројатно сите виновни, но според бројните истражувања, подобро е да го пофалите трудот на детето, отколку да му давате такви изјави од типот:„Толку си…“ Вам ви се чини дека така ја градите нивната самодоверба, но всушност, им вградувате страв од неуспех. Ако не успеам да го решам тестот, дали ќе престанам да бидам паметен? Ако престанат да мислат дека сум паметен, дали и понатаму ќе ме сакаат?

Тоа е посебно важно кога е во прашање изгледот на детето – толку си убав/сладок/згоден! Кога тоа на детето постојано му го зборуваат, не само родителите туку и пријателите, па дури и туѓинци, дали е тоа здраво? Сосема е сигурно дека треба да го пофалите неговиот изглед, но каде е границата? Кога тие почнуваат да ги сфаќаат тие изјави како дел од својот идентитет? А псевдоидентитет стекнат во детството, подоцна тешко се избива од главата.

ТИ СИ НАЈДОБАР

Тоа е уште една етикета која ја лепиме на нивниот идентитет, најдобри се во нешто уште од мали нозе. Дали детето е навистина добро во некоја активност? Веројатно е. Но дали е најдобро? Веројатно не е. Но ако постојано му го повторувате тоа, веројатно ќе почне да мисли така.

ЗОШТО? БИДЕЈЌИ ЈАС ВЕЛАМ ТАКА

Тоа е веројатно уште една работа која упорно ја повторувате, иако едноставно можете да ја избегнете. Треба да го поттикнете детето да праша зошто, а можете едноставно да му одговорите: „Затоа што сакам да бидеш здрав и сигурен“.

Зошто да не му одговорите на детето? Важно е детето да поставува прашање, па дури и на авторитетот. Тоа не значи дека не го почитува или омаловажува, но ќе биде помалку вознемирено ако ги сфати причините за некое правило или забрана.

ЛОШ СИ

Лошото однесување не е исто што и лоша личност. Затоа, укажете на она што лошо го направило, а не карактерот.

НЕ ПЛАЧИ

Сите плачат, вклучително и момчињата. Не сакате да помисли дека е погрешно да биде ранлив и да ги покажува своите чувства. Тоа е едноставно човечки.

ПРЕСТАНИ ДА СЕ ОДНЕСУВАШ КАКО ДЕВОЈЧЕ. БИДИ МАШКО

„Да се биде машко“ не значи да не се покажуваат емоциите, токму како што ниту „да се биде дама“ не значи дека девојчето мора да биде послушно и скромно. Децата треба да ги охрабруваме да бидат она што се.

ПОБРЗАЈ

Ако постојано му зборувате на мало дете да побрза, веројатно веќе сте го претвориле во личност која постојано врши притисок на тоа мало суштество кое само сака да ужива во животот.

Дозволете му да се „влече“ до автомобилот, да застанува по пат и да набере цвеќе или да вдиши малку воздух и да го искуси животот. Зошто постојано брзате? Причината веројатно лежи во тоа што вие имате проблеми со организацијата.

[better-ads type='banner' banner='999' ]