ПЕТ КЛУЧНИ ОСОБИНИ НА ДОБРИТЕ МАЈКИ

0
630

Психолозите тврдат дека според некои карактеристики можно е да се види дали ќе бидете добар родител. Многу жени природно ги развиваат тие квалитети во животот, но тие можат и активно да се разбудат кога ќе одлучите да имате дете.

СИЛНА ИНТУИЦИЈА

Дали можете да препознаете дали вашиот партнер е вознемирен по неговиот говор на телото или пак дали стресот кај колегите го препознавате само според малите промени во изразот на нивните лица? Бидејќи децата не можат да ги вербализираат своите чувства, ќе мора да научите како да го препознаете она што го сака вашето дете.
„Ѕирнете“ во својата интуиција набљудувајќи ги и проценувајќи ги луѓето и нивното расположение пред да проговорат за проблемите што ги мачат. Можеби ќе ве изненади колку вашиот внатрешен глас со тек на времето станува интензивен и прецизен.

СМИСЛА ЗА ГРИЖЛИВОСТ

Жените кои ги разгалуваат своите партнери или ги тешат пријателите подготвени се за мајчинство. Тоа покажува дека знаете да ги утешите другите.

МОЖНОСТ ДА ЈА ЗАДРЖИТЕ ПРИСЕБНОСТА

Сите понекогаш ја губат контролата, но жените кои знаат како да владеат со своите емоции имаат предиспозиција да бидат одлични мајки. За да ја тренирате својата смиреност, размислете за тоа што ве „вади од кожа“ и начинот кој ќе ви помогне да го намалите стресот во таквата ситуација.

НЕ СЕ ПЛАШЕТЕ ДА ПОБАРАТЕ ПОМОШ

Ако некоја работа не можете сами да ја извршите, добрата мајка ќе побара помош. Затоа, ако некаде „заглавите“, побарајте од сопругот, партнерот или семејството да ви потпомогнат.

РАЗИГРАН СТАВ

Би требало да го воспитувате своето дете забавувајќи се и уживајќи, покажувајќи им на децата како тоа се прави, бидејќи така станувате дел од нивниот свет. Ако тешко се опуштате, обидете се да се концентрирате на некоја позитивна ситуација или личност.

[better-ads type='banner' banner='999' ]