КОЛКУ Е ВАЖНО НА ДЕТЕТО ДА МУ КАЖЕТЕ „ТЕ САКАМ“?

0
530

Голем број луѓе кога ќе пораснат не се сигурни дали родителите ги сакале, бидејќи тие никогаш или ретко тоа им го кажувале и сметале дека љубовта се подразбира.
Љубовта може да му биде очигледна на родителот, но не мора да му биде очигледна на детето. Тоа е причина поради која на детето му е потребно да му се изразува љубов.

На децата им е важно да знаат дека нема да ја загубат родителската љубов кога ќе заборават да напишат домашна задача, кога ќе скршат чаша или ќе ги скинат вашиот омилен ѓердан.
Наместо: „Не те сакам кога нема да ја средиш својата соба“, кажете му:„Те молам среди ја собата, бидејќи ми пречи да скокам низ овој неред“.

Казнете го детето, земете му ја омилената играчка, но кога поради казна тоа ќе почне да плаче, прегрнете го и кажете му дека е казнето неговото однесување, но дека никогаш нема да престанете да го сакате.

Детето за да се сака самото себе си, што е неопходно за внатрешната самодоверба, мора да има чувство дека го сакаат и родителите.
За самодовербата на вашето дете исто така е важно да најдете време да го сослушате и тоа на начин да почувствува дека сте мотивирани да го разберете и дека сте заинтересирани за она што го зборува. Со слушањето му покажуваме на детето дека ни е важно она што сака да ни го каже.
Кога го слушаме детето, мошне е тешко да се воздржиме од потребата да му даваме совети, сугестии или да му ги решаваме проблемите. Меѓутоа детето најчесто не сака родителски совет за решавање на својот проблем. Тоа сака со вас да го подели своето доживување, сака да ви каже нешто, а ваша задача е да бидете целосно присутни и да слушате.
Доколку не слушате еден ден ќе се соочите со ситуација кога вашето дете нема да сака да разговара со вас.

Затоа кога следниот пат детето ќе ви се обрати, посветете му време и внимание и сослушајте го. При тоа не слушајте само зборови, туку своето внимание насочете го кон неговите емоции. Дајте му до знаење дека ги препознавате неговите чувства.
Кога не сте задоволни од некоја негова постапка, сосема е коректно да му укажете на тоа и да го казните, но не дозволувајте казната да ја дискредитира прегратката или да му ги ускрати зборовите „те сакам“.

Опишете го однесувањето од кое не сте задоволни, водејќи сметка да не го нападнете, а ниту осудувате, туку само опишете што направило.

„Не си ја средил својата соба“.
Објаснете му на детето кратко и јасно зошто треба да го промени своето однесување.
Покажете дека ги разбирате неговите чувства.
„Знам дека не си сакал да го пропуштиш дружењето со другарите од училиштето“.
Јасно кажете му што очекувате.
„Среди ја својата соба сега кога си завршил со дружењето“.

Напомена: Не заборавајте да го пофалите детето. Чувството на самодоверба е најголемо кога детето ќе се обиде да научи нешто што му е тешко, и по повеќе обиди ќе успее. Поради тоа треба да му овозможите да доживее успех. Мораме да ги доведуваме во различни ситуации за да откриеме во што се добри. Секако, од големо значење е и родителската помош, но не повеќе отколку што е потребна.

[better-ads type='banner' banner='999' ]