На отворено се учи подобро

Учењето на природните науки на отворено ја зголемува мотивацијата на учениците, утврдиле истражувачите на Техничкиот универзитет во Минхен. Затоа тие препорачуваат во повисоките одделенија на основните училишта поголемиот број од часовите да се држат надвор.

0
88

Во период од две години, околу 300 ученици учествувале во програмата за природни науки за повисоките одделенија на основните училишта.

Во рамки на истражувањето на истражувачите на Техничкиот универзитет во Минхен, во текот на една недела наставата се одвивала во училница, а потоа една недела, се одвивала надвор, т.н. недела на истражувања, за да заврши со дводневна истражувачка експедиција во која се вклучени и експерименти на лице место.

Учесниците во програмата пред и после наставата пополниле прашалник во кои изразиле колку се задоволни, каква им е општата мотивација и слично.

На крај се покажало дека при наставата на отворено базичните потреби на учениците биле задоволени многу повеќе отколку во текот на наставата во училница.

Чувството дека нешто навистина се работи и се постигнува посебно ја зголемува мотивацијата во текот на наставата на отворено.

Исто така, утврдено е дека на таа мотивација не влијаеле односите на наставниците и учениците, ниту полот, ни односите меѓу учениците – едноставно кажано, самиот факт дека наставата се одржува надвор ја зголемила мотивацијата на учениците.

Водителот на ова истражување, професор Улрих Детвајлер, во написот за ова проучување објавен во списанието Frontiers in Psychology, заклучува дека наставата на отворено која вклучува методологија на учење на експерименти значително го подобрува односот на учениците кон учењето.

Овде „експеримент“ значи дека на учениците им е овозможено сами да ги откриваат работите со помош на екеприменти кои самите независно ги организирале.

Професорот Периклес Симон, еден од авторите на ова истражување, прокоментирал дека е ова крајно интересно и заради тоа што многу позитивно влијае на физичкото и менталното здравје на децата.

Ако е толку едноставно, зошто да не го примениме тоа веднаш и во нашите училишта?

[better-ads type='banner' banner='999' ]