Др. Ети Бизен: Не им го пумпајте егото

Овој познат француски детски педијатар смета дека децата треба да растат нормално, без претстава за сопствената „големина“ и супериорност

0
329

Денешните деца се најсовршените суштества што оделе по Земјата.

Генијалци, најубави, најпаметни, најспретни, опасни, знаат сѐ, се раѓаат со мобилен во рака, менуваат канали на телевизорот пред првиот роденден, зборуваат англиски од втората година, ги дриблаат во фудбал и оние постарите, а како само пеат, свираат и брилјираат во математика…

Од добар подобар, а најдобри се оние кои се долго сакани и чекани.

И додека родителите донекаде и успеваат да останат на земја, на бабите и на дедовците тоа слабо им оди од рака, па својата фасцинираност од внучињата ја претвараат во проблем. Затоа што кога детето еднаш ќе го убедите дека е во сѐ нај и во сѐ подобро од другите, тешко ќе го поднесе сударот со реалноста.

Др.Ети Бизен, познат француски детски психијатар, смета дека децата треба да раснат нормално, без претстава за сопствената „големина“ и супериорност затоа што таа, за жал, постои главно само дома.

Посебно е лошо, додава таа, кога врз основа на нерелани претстави формираат нерелани очекувања, што и на детето и на возрасните од неговата околина може да им предизвика многу страдање.

„Ако дома немате уште еден шестгодишник кој тренира фудбал, не го убедувајте својот син или внук дека е идниот Меси о дека само што не ја добил „Златната топка“, затоа што можеби веќе првиот следен натпревар ќе го помине на клупата за резервни играчи.

Што мислите, како ќе се чувствува? Дали од тоа ќе му порасне самодовербата? Дали повеќе ќе му верува на тренерот кој му вели дека има подобри од него или вам кои сметате дека е најдобар на голгетер кој се родил?“ – наведува доктор Бизен.

Ако го прекорувате, додава таа, или му се потсмевате, ќе му ја уништите самодовербата. Нему му се потребни вистина и поддршка, а не критики и нереални пофалби. Објаснете му дека сите некогаш победуваме, некогаш губиме, некогаш сме најдобри, некогаш просечни.

„Истото правило важи и за градинка, за училиште, за сите места и сите односи со врсниците, затоа што е извесно дека вашето дете или внуче не е во сѐ најдобро и најсовршено.

Впрочем, дали навистина сакате вашата четворогодишна ќеркичка или внука да оди низ животот со ставот „Јас сум најубава“, а вашиот седумгодишник, само затоа што пред поаѓањето во училиште знаел да собира до 20, да тврди дека е најдобар математичар во одделението – прашува др.Ети Бизен.

Таа нагласува дека таквите, самобендисани деца со нереална претстава за себе често имаат проблеми со врсниците, особено ако наидат на слични на себе, а со оглед на тоа што има сѐ повеќе такви, постојат реални шанси за тоа.

[better-ads type='banner' banner='999' ]