Деновиве големо внимание привлече постот на една мајка на Фејсбук во кој таа објавува:
„Мојата петгодишна ќерка мора да ни плаќа кирија и сметки.
Секоја недела ѝ даваме седум долари. Меѓутоа, од тие седум долари, пет мора да ни врати нам.
Таа има пет години па се обидуваме да ѝ објасниме дека во вистинскиот свет повеќето луѓе поголем дел од своите плати трошат за сметки и за живот, а малку им останува за нив и нивните сопствени задоволства.
Затоа ѝ ги бараме назад тие пет долари.
Еден за наем на станот, еден за вода, еден за струја, еден за ТВ и еден за храна.
Остатокот од два долари е нејзин и може да прави со нив што сака – да ги потроши или да ги заштеди.
Меѓутоа, таа не знае дека овие пет долари не одат навистина за тие намени, туку во касичка која ќе може да ја отвори на својот 18.роденден. Тогаш ќе ги добие своите 3380 долари и ако сака да се отсели, ќе ѝ помогнат за почеток“.
Дел од луѓето се воодушевени од идејата и сметаат дека е ова добар начин секое дете да се подготви за натамошниот живот и да се научи да ги почитува парите, додека пак други сметаат дека е ова премногу строг режим за толку мало дете.
Што мислите вие?