Таканаречените шумски градинки повеќе и не се некое чудо, ги има сѐ повеќе.
Замислете училиште или градинка во кои децата немаат мал одмор на отворено само пет минути, или не им се препорачуваат прошетки во шума после училиште, како извор на добро расположение, само затоа што шумата е токму местото кое е нивно училиште, а главната задача во таквото шумско училиште или градинка им е играње на отворено, без оглед на тоа дали врне дожд, снег или е идеален сончев ден.
И така секој ден, барем четири часа…
Такви училишта од неодамна можат да посетуваат и американските деца на возраст од три до пет години, кои во ваквите сѐ побројни шумски училишта, ги истражуваат флората и фауната, градат замоци, се качуваат на дрвја. Секако, училиштата имаат и правила на однесување, такашто иако нивната слобода не е предмет на ограничувања, сепак точно се знае дека, на пример, стаповите не се мечеви за игра, а возрансите и натаму делуваат како надзорници. Шумата е училница и тие с енавистина нешто сосема ново во однос на статичното образование. Во обидот децата да ѝ се приближат на природата, таквите училишта негиваат низа активности за децата. Тие на лице место можат со микроскоп да ги истражат билките и инсектите, од прва рака да научат повеќе за животните, за стеблата, а првите букви наместо на хартија, да ги врежат во паднатата кора од стебла.
Постојат докази дека со игра на отворено се намалува ризикот од дебелина, подобрувањ ена рамнотежата и агилноста, се смируваат децата со вишок на енергија, се намалува стресот и на децата им се дозволени сите гласни активности кои инаку им ги забрануваме кога престојуваат во затворени простори.
Дека ваквите училишта/градинки се сѐ попотребни, докажуваат и научните податоци дека воведувањето на децата во природниот свет има силно позитивно влијание на нивната ментална, физичка и друштвена благосостојба на децата.