Децата консумираат кофеин преку различни производи

Околу 77 отсто од децата редовно консумираат кофеин преку, енергетски напитоци, топло чоколадо, црно чоколадо, и друга храна

0
369

Знаеме дека кофеинот не е здрав за децата, но знаете ли дека вашето дете консумира кафе преку другите производи? Кофеинот е извоир на енергија за возрасни, но последиците од неговата прекумерна употреба можат да бидат опасни за детето.

Според неодамнешните студии, околу 77 отсто од децата редовно консумираат кофеин преку, енергетски напитоци, сода и друга храна. Голема количина од овој стимуланс може да предизвика мачнина, срцева аритмија, несоница и симптоми како што е АДХД.

Покрај вообичаените извори на кофеин, чајот и кафето, се препорачува ограничување на употребата на такви производи кои вклучуваат одредена количина кофеин:

Топло чоколадо – од 3 до 13 мг
Црно чоколадо – 18 мг
Сладолед од кафе – од 58 до 68 мг
Зелен чај – околу 106 мг
Енергетски напиток – 50 мг.

[better-ads type='banner' banner='999' ]