Иако е тешко кога го слушате вашето бебе како плаче, треба да разберете дека плачењето е нешто што секое здраво новороденче го прави (некои и по 4-5 часа на ден). Најмногу ќе ви помогне ако научите кое плачење што значи
Плачењето понекогаш се јавува како последица од неразбирањето.
Ако детето нешто сака, а вие не го сфатите неговиот говор на телото, тоа ќе се обиде да го привлече вашето внимание со плачење. Други култури се фокусираат на физичките знаци, додека западната култура е посклона да одговори на детскиот плач. Во некои култури децата цело време се носат и ретко пуштаат глас, а сепак им сигнализираат на мајкуте кога се гладни. Кога е детето постојано покрај својот родител неговата комуникација е фиизчка и нема потреба за испуштање гласови.
Да се разбере плачењето на бебето е вештина која се учи со метод на обиди и грешки. Можеби нема секогаш да погодите што сака вашето дете, но тоа секако нема да ви наштети. Понекогаш, единствен начин да откриете што всушност сака детето е тој да испробате неколку работи кои не ги сака за да ја најдете вистинската. Навикнете се прво да набљудувате, а не брзајте веднаш сѐ да поправите. Важно е да застанете, да послушате и да набљудувате за да разберете што сака да ви каже детето. Еве неколку потреби кои вашето дете се обидува да ви ги каже.
Гладен сум. Детето што е гладно може да го извива грбчето во потрага за градите или за шишенцето со млеко. Може да ја врти главата кон вас барајќи со јазикот или принесувајќи го рачето кон устата.
Уморен сум. Уморно бебе може да гледа во некоја точка и да се прозева. Моќе да си ги допира ушите или, кога е малку поголемо, да си ги трие очите. Ако лежи ќе го мрда главчето од едната на другата страна, како да се бори против сонот. Ако го држите во раце, ќе го сврти телото кон вас. Плачењето на уморното бебе звучи слично како плачењето на гладното бебе. Новите родители често не сфаќаат колку сон му треба на бебето дневно па наместо да го успијат се обидуваат да го нахранат. Ако не ви помогне ништо друго, дајте му на своето бебе можност да заспие.
Треба да ме преслечете. Премногу или премалку облека може да направи на беето да не му е удобно. Бебињата на кои им е претопло, дишат забрзано и имаат леплив врат. На бебињата на кои им е ладно, кожата им станува „мраморна“, со видливи траги на жилички и црвенило.