Способноста која малите деца ќе ја развијат е предуслов за успех во подоцнешните графомоторички активности, цртање, боење и пишување.
Од втората до третата година, децата боицата ја држат со прстите, но се уште не правилно.
Веќе на пет години ( најдоцна до шестата година), држењето на боицата станува правилно. Тогаш боицата се држи со врвот на прстите и при пишувањето се движат прстите.
СО КОЈА РАКА ДА СЕ ПИШУВА
Отприлика до втората година, децата подеднакво ја користат и левата и десната рака.
Склоноста на одредена страна, освен за раката, опфаќа и другии делови на телото: стапала, нозе, очи , па дури и уши. Таа карактеристика може да се забележи во ситуации како што е качување по скали или играње фудбал ( со која нога ја шутира топката).
КОГА ДЕТЕТО ОДБИВА ДА ЦРТА И ДА ПИШУВА
Најчесто прчината поради која децата одбиваат активност со молив или боица, е поврзана со потешкотиите со кои притоа се соочува. Не го форсирајте детето и секогаш имајте ја на ум возраста на детето и неговите способности.
Графомоторика е способност која се развива и која се вежба. Цртањето и пишувањето обидетет се да се поттикне на забавен начин, а добрата работа на детето може и да ја наградите.
ИГРИ ЗА ВЕЖБАЊЕ НА ПРАВИЛНО ДРЖЕЊЕ БОИЧКА ИЛИ МОЛИВ
– Детето гужва шамивче во рака, почнувајќи од една страна, се додека целото шамивче не му се смести во дланка.
– Цртање со мрсни боици кои се веќе истрошени или искршени, така што се останати само кратки парчиња. Малите парчиња детето нема да може да ги дри со дланката, туку ќе ги употребува прстите и ќе ја вежба таа положба. Детето ги препознава предметите опипувајќи ги со раката.
– Со помош на пипета, детето префрла капка по капка вода од една чаша во друга. Со ова се развива сила на прстите и координација на движење.
ПОЖЕЛНИ ГРАФОМОТОРНИ ВЕШТИНИ ПРЕД ПОАЃАЊЕ НА УЧИЛИШТЕ