Положбите за доење треба да бидат удобни затоа што доењето може да трае и до 30-40 минути.
За успешно доење е клучно да се чувствувате добро и удобно и вие и бебето.
Бирајте положби кои најмногу ви одговараат со оглед на тоа дали се уште се опоравувате од породувањето, дали имате поголеми или помали гради или сакате да го ослободите заостанатото млеко од градите.
Секогаш придржувајте го главчето на детето, во секоја положба гледајте главата да биде во линија со телото и внимавајте на тоа носот да е слободен за детето да може да дише.
Погледнете во видеото за да видите како треба да се дои во различни положби.