Ако некогаш сте гледале како изгледа породувањето во филмовите и сериите би можеле да заклучите дека во текот на породувањето жените само врескаат, пијат малку вода и грицкаат парченца мраз, што и не е далеку од вистината затоа што лекарите во Америка им советувале на жените во целост да апстинираат од храна па дури и од вода во текот на породувањето, но тоа наскоро би тебало да се смени.
Најновите истражувања велат дека нема никаква потреба жената да се откажува од храна во текот на породувањето и дека лесен оброк може да донесе одредени бенефиции ако е жената здрава и ако природното породување се одвива токму онака како што би требало, без компликации.
Според истражувањето кое е објавено на годишната конференција на анестезиолози, речено е дека препораките за апстинирање од храна датираат уште од 1940.година затоа што тогаш с еверувало дека жената може да вдише парчиња храна и течност во белите дробови во текот на породувањето што би можело да доведе до воспаление на белите дробови. Со оглед на тоа што во меѓувреме, анестезиологијата напредувала, стручњаците тврдат дека повеќе не треба да има страв од вакви последици.
Лекарите навеле дека ваков случај се случил само еднаш помеѓу 2013-2015 година и дека на таа жена ѝ е дијагностицирана бременост со висок ризик и комплицирано породување. Кај здравите мајки чие породување се одвива според планот нема потреба за апстинирање од храна.
Исто така, секоја жена која се породила знае дека породувањето е физички прилично напорно и дека е тешко кога се одвива на празен стомак. Еден од потписниците на студијата, лекарот Кристофер Харти, изјавил дека калориската потреба на жените кои се породуваат е еднаква на онаа на мартонците кои во текот на маратонот пијат протеински шејкови за да ја издржат трката до крајот.
Тој дури верува дека нејадењето во текот на породувањето може да го пролонгира самиот процес. „Без адекватни нутритивни вредности телото на жената почнува да ги користи масните наслаги како извор на енергија што ја зголемува киселоста на крвта како кај мајката така и кај бебето, што потенцијално може да ги ублажи контракциите и да го продолжи породувањето, но и да ја намали родилната оценка на бебето“, нагласил Харти.
Фактот дека не можат да јадат ништо во текот на породувањето може на жените да им создаде дополнителен стрес во целото тоа искуство. Во Германија, персоналот им нуди на родилките голема количина на вода и им дозволува да јадат ако сакаат.
Од друга страна, лекарите нагласуваат дека не можат сите родилки да јадат во текот на породувањето. Во таа група спаѓаат жени кои се под поголем ризик од аспирации меѓу кои спаѓаат жените со прееклампсија, еклапсија, жените со вишок килограми како и оние кои во текот на породувањето користат опијати за полесно да ги поднесат болките.
За здравите труднхици кои немаат никакви проблеми во бременоста, лесниот оброк во текот на самото породување може да го намали стресот и да им пружи утеха, но и да им даде дополнителна енергија па затоа нема никаква потреба за изгладнување, особено ако породувањето трае подолго.