Освен несомнената привлечност и убавина, за многумина празничниот период претставува голем извор на стрес и лошо расположение („holiday stress“). Преголемата возбуда врзана за празниците може едноставно да го преплави и вашето дете, особено ако е се уште на помала возраст. Честопати децата токму за време на празниците се нерасположени, мрзоволни, плачливи и раздразливи, затоа што се преплавени со емоции кои би можеле да бидат вознемирувачки за детето ако не водиме сметка за неговите потреби.
Како да го препознаете празничниот стрес кај децата?
Детето се однесува невообичаено
Плачливо е, мрзоволно, раздразливо и лошо расположено.
Има нервозни тикови (гризе нокти, си игра со косата …)
Има телесни тегоби (главоболка, болка во стомакот, пролив, замор и поспаност …)
Однесувањето не е во согасност со неговата возраст (на пример, мори во кревет)
Детето се повлекува во себе.
Како да му помогнете?
Помагањето вкучува познавање на неговата личност, темперамент и личните граници. Ако е вашето дете склоно кон пречувствителност и лесно се возбудува, почитувајте го тоа и направете празничен план такашто е ги земете предвид своите граници и границите на своето дете.
Ако вашето дете е уште мало (1-2 години старост), настојувајте низ празничниот период што помалку да ги менувате навиките на детето, особено времето на спиење и хранење.
Прашајте што му помага за да се чувствува подобро. Дали е тоа слушање музика, читање сликовници, игра со пријателите, поминување на време со родителите? За да му помогнете да се опушти, поттикнете го да поминува време како што му одговара
Дајте му можност да се смири, однесете го на прошетка, направете му топла бања, ставете го во креветче да се опушти и да отспие. Потрудете се цело време при рака да има нешто што инаку го смирува, а особено сега кога е изложено на преголема возбуда заради празничната прослава (омилената играчка или ебенце, мече, или цуцла …). Седнете со детето на некое мирно место и заедно прелистајте ја омилената сликовница или понудете му го омилениот десерт, овошје или сок
Дајте му на детето празнични обврски и погрижете се да не му е здодевно. Дајте му некоја задача, на пример, да нареди колачи на чинија или да ја намести трпезата. Тоа ќе му даде чувство дека и тоа продпнесо за прославата
Не заборавајте на себе и на тоа како вие излегувате на крај со стресните празници, затоа што вашата опуштеност секако позитивно ќе влијае на опуштеноста на детето. Откажете се од „синдромот супер-човек“, откажете се од идејата дека токму вие можете празничниот период да го направите совршен за сите вам драги личности, не ја преземајте целата одговорност на себе.
Дајте си можност и дозвола за одмор, правете работи што ги сакате и активности во кои уживате, наспијте се, одвојте време за дружење и комуникација со драгите луѓе.
Обидете се да ги избегнете подготовките во последен момент, планирајте и организирајте однапред. Одредете ги работите кои сакате да ги направите и работите кои треба да ги направите, потоа направете листа од приоритети.