Научниците од Абердин универзитетот во Велика Британија утврдиле дека трудниците кои јадат јаболка и риба барем еднаш до два пати во неделата, раѓаат деца кои се поотпорни на астма, алергиски кожни егземи и други алергиски болести во подоцнежниот период од животот.
Тие веруваат дека за оваа појава се заслужни силните антиоксиданси, флавоноиди кои се наоѓаат во јаболките и омега-3 масните киселини кои најмногу ги има во рибата. Во истражувањето вклучиле и други намирници, како што е зеленчукот, овошни сокови, киви, житарки, млечни масти и маргарин, но тие не постигнале ист ефект во заштитата од појава на алергии.
Во текот на обемното истражување се опфатени 1.212 деца, чии мајки давале податоци за исхраната во текот на бременоста.
Со раѓање на детето истражувањето не е прекинато, туку е продолжено и во следните пет години.
Научниците заклучиле дека исхраната на мајките во текот на бременоста има поголемо влијание врз здравјето на респираторните органи на детето, откоку неговата сопствена исхрана до петата година од животот.