Гуруто за родителство советува: Правете го ова и детето ќе ви биде одлично во училиште!

Не го будете за на училиште, не го прашувајте дали има домашна, не го претрупувајте со вонучилишни активности,...

0
1209

Др. Кевин Леман е меѓународно познат психолог, радиска и телевизиска личност и говорник, член на Здружението на американски психолози. Автор е на повеќе од 30 бестселери и наградени книги, и учествувал во сите најгледани американски радио и ТВ програми.

Ова се неговите најпознати совети за родителите на ученици:

Никогаш не го прашувајте дали има домашна задача.

Создадете таква атмосфера во семејството за детето да знае дека очекувате да има добар успех во училиште и да дава се од себе, но самото да е одговорно за своите обврски, како што се домашните задачи. Секако, доколку детето не ги исполнува своите училишни обврски и тоа се одразува врз успехот, ќе му скусите разни привилегии како што се излегување, дружење, родендени, играње на компјутер или одење во кино.

Престанете да ги будите децата и да ги побрзувате секојдневно за да не доцнат во училиште

Вие не сте будилник. Децата треба да добијат свој будилник и тука престанува вашиот ангажман околу будењето и станувањето. Секако, на почеток веројатно ќе доцнат, но вие ниту случајно не треба да ги будите или да ги заштитувате од последиците. Напишете ѝ на учителката порака и во неа објаснете ѝ дека детето нема никакво оправдување за своето доцнење и побарајте од неа да постапи онака како што се постапува со децата кои доцнат на часови. Секако, доколку заради неговото доцнење страда училишниот успех на вашето дете, повторно стапуваат на сцена скусувањата на привилегиите.

Не претерувајте со пофалбите

Кога ќе донесе петка на контролниот тест, не го кревајте до ѕвездите, туку кажете нешто како: „Оо, тоа е баш добро за тебе!“ Со ова му давате на знаење дека не учи заради вас, туку за да има добар и успешен живот.

Никогаш не го прашувајте „Како беше во училиште?“

Добро знаете дека ништо нема да дознаете со ова прашпање но упорно го поставувате. Наместо тоа, молчете и чекајте детето само да почне да зборува. Кога тоа ќе се случи, не поставувајте дополнителни прашања, туку користете ја волшебната реченица „Кажувај ми повеќе за тоа“. За почеток, станува збор за заповед, а не за прашање, и тоа заповед која не звучи ниту малку авторитарно, па детето ќе ја прифати без поговор, а вие конечно ќе почнете да ги добивате вистинските информации.

Не дозволувајте детето да биде претрупано со вонучилишни активности

Децата треба да минуваат повеќе време со семејството, а не со разни активности. Секојдневното трчање по тренинзи, курсеви и слични активности после училиште, ќе ви го упропасти семејниот живот. Држете се до правилото – само една вонучилишна активност по дете. Ако почне да тренира фудбал или да оди на курс по некој странски јазик, натерајте го да истрае и предупредете го дека до одбраната активност ќе мора да се придржува шест месеци пред да реши да се откаже или да се префрли на друга.

 

[better-ads type='banner' banner='999' ]