Забавни бројки од првата година на животот со бебето

2 месеци ќе чекате на првата насмевка, а 50 пати ќе одбиете да одите на кафе или на забава

0
749

Колку пелени ќе потрошите во текот на неделата кога ќе се роди бебето? Колку машини за перење ќе мора да пуштите?

Сите тие бројки често ги мачат идните мајки, а порталот The Bump ги собрал сите на едно место. Некои од наведените бројки ќе ви помогнат да се подготвите, додека пак некои се тука само за забава.

715 – број на машини за перење кои ќе ги пуштите додека бебето да наполни една година.

320 – број на пелени што бебето ќе ги потроши за еден месец

32,400 – минути кои ќе ги потрошите на доење во првите 6 месеци

2 – број на месеци кои родителите најчесто мора да ги поминат за да ја видат првата насмевка на бебето

50 – број на забави, кафе и други интересни друштвени настани кои ќе ги одбиете до првиот роденден.

84 – број на пелени кои ќе ги искористите во првата недела.

150 – пати ќе заплачете во првата година (од мака, среќа или поради хормоните)

20 – пати неделно вашиот сопруг ќе се понуди тој да ја смени пелената или да го избања бебето.

141 – пат во првата година од животот ќе забележите дека се однесувате исто како вашата мајка.

[better-ads type='banner' banner='999' ]