Светски ден на децата – херои

По повод Светскиот ден на предвременото породување, 17 Ноември, организацијата Лулка во своите простори организира дружење и запознавање на родителите и предвреме родените деца-херои.

0
307

Во петок на 17. Ноември се одбележува Светскиот ден на предвременото породување. Предвременото породување како важен јавно здравствен проблем и причина број 1 за висок морталитетот кај децата под 5 годишна возраст е во центарот на вниманието во светот, а во последно време и кај нас.

Организацијата Лулка е дел од мрежата на европски организации на EFCNI (http://efcni.org) и веќе 6 години го одбележува Светскиот ден на предвременото породување кај нас. Оваа година цела Европа слави со заеднички слоган:
На Светскиот ден на предвременото породување на 17 Ноември, би сакале да изразиме искрена благодарност на сите #медицинскисестри и #доктори за тоа што со #почит се грижат за нашите предвреме родени бебиња. Ви благодариме за Вашата посветеност!

По повод овој ден, организацијата Лулка организира настан за дружење и запознавање на родителите и предвреме родените деца-херои, на 16.11.2017 година, од 17-20 часот во своите простории на ул. Христо Смирненски 37/1-6 во Скопје.

[better-ads type='banner' banner='999' ]