Обични имиња кои се забранети во некои делови од светот

Ако на својата ќерка на Исланд сакате да ѝ дадете име како Сара или Хариет, за тоа би морале да барате посебна дозвола. Во Унгарија пак,машкото име Стефан е добредојдено сѐ додека не се пишува „светски“ како Stephan. 

0
671

Мислите дека можете на вашето бебе да му го дадете секое име што ќе ви падне на памет? Дури и ако мислите дека е „светско“ и вообичаено и дека како такво ќе биде прифатено секаде во светот?
Веројатно се лажете, дури и ако не сте имале во план да му дадете некое контроверзно име од типот на Франкенштајн, Тарзам Бетмен или Осама бин Ладен. Затоа што и она обично име „Мајкл“ е забрането во голем дел од светот.
За тоа се распишаа овие денови бројни портали кои ги издвоија земјите во кои имаат малку чудни листи од забранети имиња.
Така на пример, Sun се фокусирал на листата од забранети имиња во неколку земји од светот: Данска, Португалија, Саудиска Арабија, Унгарија и Исланд.
На пример, Данска има листа од 7000 дозволени имиња и од околу 1000 забранети. Листата се прегледува и се освежува секоја година и обилно на листата од забранети се додаваат уште некои имиња.
Така, забранети се имињата Jakobp и Ashleiyi, но кај нив забраните обично се однесуваат на чудните варијации на имињата кои им се ним инаку познати.
Исланд пак има посебен одбор кој одобрува и забранува имиња, а се одбираат по принципот на имиња кои се или не се традиционални за нивната култура, па ако на својата ќерка на Исланд сакате да ѝ дадете име како Сара или Хариет, за тоа би морале да барате посебна дозвола.
Во Унгарија пак се главно забранети имиња кои во нивниот јазик не можат „нормално“ да се вклопат, односно, оние кои не се пишуваат како што се читаат па така на пример машкото име Стефан е добредојдено се додека не се пишува „светски“ како Stephan.
Португалците пак имаат уште построги правила и не поднесуваат дури ни екстра светски имиња како што се Вилијам, Кетрин, Џорџ, Том, Емили, Мајкл,…листата на забранети имиња оваа година се качила на 83.
Па кога е така во Португалија, како ли е во Саудиска Арабија?
Можеби ќе помислите дека се таму уште построги, но не се – тие имаат листа од само 51 забрането име, кои не се во согласност со традицијата на земјата. А повеќето од тие забранети имиња се однесуваат на „погрешни“ верски конотации, забранети се и други опции.
На пример? Линда или Маја. Доколку сте во Саудиска Арабија не можете да ѝ ги дадете овие имиња на вашата ќерка.

[better-ads type='banner' banner='999' ]